(За четириесеттото издание на Театарскиот фестивал во Алмада, Португалија, 4-18 јули, 2023 година)
Театарските фестивали се еден вид на рекапитулација на театарскиот моментум, но и едно своевидно патување во светот на новите промислувања. Во текот на четирите децении, овој исклучително значаен фестивал на своите сцени донесол големи театарски имиња како што се Питер Брук, Питер Штајн, Еимунтас Некрошиус, Оскарас Коршуновас, Лаура Бети итн. Алмада е мало, но живописно местенце на само пет километри од Пацификот, во кое стигнувате поминувајќи го големиот мост при напуштањето на Лисабон. Маѓијата на овој театарски фестивал е токму имагинативноста на селекцијата на театарски претстави кои се одигруваат на просторите на Театарот Жоаким Бените, во дворот на училиштето Д. Антионио де Коста и во велелепниот културен центар „Белем“ во Лисабон.
Овогодишните театарски имиња кои ја посетија живописната Алмада се Питер Штајн, една од најголемите живи театарски легенди кој ја потпишува режијата на Пинтеровата „Роденденска забава“, продукција на Театарот Тиефе од Милано, Италија, големиот кореографски маг Охад Нахарин чија извонредна кореодрама „Момо“ во продукција на неговата „Батшива танцова компанија“ ја гледавме во културниот центар „Белем“, монодрамата (или можеби дуодрама) на Мило Рау „Еverywoman” по текст и во изведба на Урсина Ларди, а во продукција на театарот Шаубине од Берлин, Германија, како и одличната продукција на Калдероновиот „Животот е сон“ на Националниот класичен театар од Мадрид во режија на Диклан Донелан. Во меѓувреме, покрај овие големи театарски имиња на фестивалот се случија и уште 14 претстави од Франција, Шпанија, Белгија, Швајцарија, Либан. Овде би требало да ги споменеме и претставата „Еден, два, три“ авторски проект на швајцарскиот кореограф Мартин Цимерман, маѓичните претстави на францускиот компании на Јоан Буржуа (Полноќ) и на акробатската трупа „Галактик“ чија претстава „Оптракен“ ја фасцинира публиката.
Секако, не можеме да не се осврнеме и на неколкуте мошне интересни монодрами на Либанската актерка Ханан Хаџ Али „Џогирање“, на Експерименталниот театар Каскаис со изведбата на монодрамскиот текст на Даг Рајт „Јас сум својата сопствена сопруга“ во изведба на Марко д’Алмеида, на монодрамата на Руи Д. Силва „Екипа“ по текст на Алфонсо Круз, како и на монодрамата на шпанскиот актер Гонзало Чунили „Енциклопедија на болката. Том прв: ова не е засолено од овде“.
Фестивалот во Алмада е совршен спој на новиот театарски навев и експериментот со жанровите. Театарските форми се менуваат и носат нови начини на мислење. Во текот ан своите четири децении постоење, од еден локален фестивал, овој театарски фестивал стана еден од најзначајните на светската мапа на театарски фестивали. Неговата волшебност доаѓа од посветеноста на неговите организатори, но и од разноликоста на театарското промислување. Самиот тој, на некој начин претставува пресек на се она што е ново и интересно во театарскиот свет. Така, публиката која ја имаше во огромен број можеше да го проследи новиот концепт на Диклан Донелан кој донесе сосема поинаков прочит на класичниот текст на Калдерон, да ужива во брилјантната интерпретација на Сигизмундо на Алфредо Новал, млад и моќен Шпански актер, можеше да се соочи со строгата и остра конципираност на големиот Питер Штајн кој првиот драмски текст на Харолд Пинтер го постави точно на сечилото на егзактното отчукување на дејствието на овој голем драматичар, кој ни намекна дека реализмот не е такстаивен, туку е длабоко понирање во општественото и социјално лудило правејќи го овој драмски текст напишан пред скоро седумдесет години да биде исклучително актуелен.
На сцените во малата Алмеида која во тие две недели блескаше со маѓијата на театарот, можевме да ги проследиме и ригидните понираа во новите театарски изрази што ни ги донесоа француските акробати на „Галактик“, но и на чудното поимање на животнит епроцеси на Јоан Буржуа кој акробатиката на некој начин успеа да ја метаболизира во актерскиот израз. Овде не можеме, а да не ја споменеме емигрантската драма на трупата „Номад “ од Франција која на еден многу интересен (музички) начин ја донесе достагата на имиграциските трауми низ текстот и режијата на Абделвахеб Сефсаф, еден особено интересен театарски подвиг кој отвори многу прашања во врска со имиграцијата и нејзините трауми.
Фестивалот во Алмада не може да се пофали само со својата шареноликост. Овој прекрасен театарски фестивал во себе носи театарски живот кој се живее и надвор од претставите, низ комуникацијата со театарските уметници, низ инспиративниот простор каде што се сретнуваат тие театарски уметници, низ дебатите и изложбите на значајни Португалски уметници како што е Жоао Мота, а и низ концертите кои секоја вечер ги разубавуваат тие средби.
На овој фестивал секако учествуваше и самиот театар на Алмада насловен по неговиот доајен Жоакин Бените со продукцијата „Голгота“ по текст и во режија на Родриго Франциско, кој е и директор на фестивалот, една многу интересна комедија чија тема е самиот театар, што е уште еден мошне интересен аспект во целиот феативал.
Ова зборува дека фестивалот во Алмада во својата концепција ги има двете најважни компоненти: актуелноста и ангажманот. Акуелноста е аспект кој зборува за тоа дека на овој фестивал доаѓаат големи театарски имиња со продукции кои го претставуваат театарското „сега и овде“, а ангажманот е аспект кој ни поткажува дека овој фестивал се занимава со многу жешки теми кои ја интересираат човечката цивилизација како што е имиргацијата, социјалните немири, интимните отуѓувања итн. Родриго Франциско како прв човек на овој фестивал направил концепција која со актуелноста на театарските промислување и ангажманот на самиот фестивал од него да направи автентичен театарски настан достоен за секоја почит. Театарскиот момент со овој фестивал станува вечност. Живописноста на малата Алмада и големиот артизам на Португалија се поле на кое се одигруваат најголемите театарски доживувања, начини на мислење кои се на некој начин координата на светскиот театар. Уметниците што застанаа на сцените на Алмада и на центарот „Белем“ во Лисабон донесоа синтеза на една креативност која е флуктуална и која низ тивките чекори на балетските играчи на Охад Нахарин и крикот на несреќниот Сигизмундо во брилјантната креација на Алфредо Новал ни претскажуваат дека човековиот живот не е само судбина, дека уметноста е израз кој ќе ја пронајде новата порака и ќе не поведе во свет брз лага и измама и дека овие уметници ќе остават зад себе неизбришлива трага во ерата на новиот хуманизам.
Театарскиот фестивал во Алмада ни ја донесе и апстракцијата, но и стварноста на едно време кое е турбулентно во внатрешноста на својот организам, но ни донесе и една надеж дека светот кој живее во информатичката бура и новите милитантни чекори не смее да го заборави човекот, оној без кого ќе остане само пуста земја. И таа порака е силна и несовладлива.
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој…
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…