Почетна / Насловна / Настани / Со потпишување на Меморандум за вмрежување киноприкажувачите ја одбележаа 100 годинишнината од првото кино на браќата Манаки
Со потпишување на Меморандум за вмрежување киноприкажувачите ја одбележаа 100 годинишнината од првото кино на браќата Манаки
— 28 септември, 2023
Под медијаторство и иницијатива на Форумот за разумни политики во рамките на фестивалот „Браќа Манаки“ се потпиша меморандум меѓу седум киноприкажувачи во Македонија: Кинотека на Северна Македонија, Синема паркинг кино-Битола, 3Д Кино Битола, Центар за култура-Битола, Киноверзум Свети Николе, кино Фросина од Скопје, кино Милениум и Синеплекс, заедно со Агенцијата за филм и канцеларијата на Креативна Европа Медиа Македонија. Годинава се одбележуваат 100 години од отворањето на првото кино на браќата Манаки и со овој чин симболично се одбележа овој значен јубилеј.
-Со овој меморандум се изразува интерес и желба за заедничко дејствување во киноприкажувачката дејност со една и единствена цел – Меморандумот да служи како основа за формирање на единствена кино-мрежа во Република Северна Македонија. Целта на оваа кино-мрежа е поврзување на прикажувачите односно кината и застапување на нивниот заеднички интерес. Вакви кино-мрежи веќе постојат во Европа, во регионот и во светот, еве сега и кај нас со ова здружување ќе се обидеме да ја вратиме изгубената публика и да создаваме нова кино-публика, но и едукацијата на филмска публика, рече Бистра Георгиева од Форум за разумни политики.
Беше подвлечено дека ако досега секој сам се справувал со предизвиците, од овој момент веќе здружено ќе создаваат нова кино публика, бидејќи, според Георгиева сите кои работат во културата имаат должност и обврска да понудат вакви стратегии и решенија.
-Особено ми е драго што ова вмрежување се случува токму во Битола, затоа што низ годините
Битола и тоа како е запишан како филмски центар пред се со 3Д киното, преку фестивалот „Браќа Манаки“, Етнографски филмски фестивал, Фестивалот Камера 300 итн. Би сакала да истакнам дека иако денеска овој меморандум се потпишува на парче хартија, ние досега природно се вмрежувавме и сме реализирале безброј соработки, рече Маја Андоновска Илијевски, директорка на Центарот за култура – Битола.
По свеченото потпишување на Меморандумот, членовите на оваа иницијатива најавија следна средба во Свети Николе.
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…
Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски –…
Наградата за животно дело на годинашното 46. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја добие иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, додека наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност ќе ја прими американскиот режисер и кинематографер, добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, Воли Фистер,…
Во Младинскиот културен центар, во галерија 2, вечерва во 19 часот, ќе се отворат две самостојни изложби на двајца уметници: Бојана Мандевска со изложбата насловена „Маските како лице на денешницата“ и „Моќ во боја“ на Филип Матевски. Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката…
Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски, утревечер, први септември со почрток во 20 часот, на големата сцена, че биде отворена претстојната сезона на Македонскиот народен театар. Во претставата играат, Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела…