Почетна / Насловна / Настани / „Домаќинство за почетници“ – филм кој подобро ги детектираше проблемите во нашата земја
„Домаќинство за почетници“ – филм кој подобро ги детектираше проблемите во нашата земја
— 24 септември, 2023
Мојата цел беше да пренесеме приказна која што е интересна и ќе има силно значење за гледачите, рече режисерот Горан Столевски на филмот, „Домаќинство за почетници“, со кој се отвори 44. „Браќа Манаки“ на денешната прес конференција на којашто присуствуваше заедно со кинематограферот на овој филм Наум Доксевски и со дел од екипата од филмот. На пресот тие зборуваа за текот на снимањето, за раѓањето на идејата за филмот, соработката на снимањето филмот, за темата, како биле одбрани глумците во кој играат неколку натуршици од Шутка, соработката на снимањето, кастингот.
Благоја Куноски, кој ја водеше оваа прес конференција, рече дека е одушевен од филмот во кој се гледа одлична соработка меѓу актерите и одлична глума, пренесувајќи длабока емоција и емпатија кај гледачот. „Излегува дека вие, живеејќи во Австралија, подобро ги детектиравте проблемите што се присутни кај нас“, рече Куновски кој му се обрати на режисерот Горан Столевски.
„Јас прво ги приметувам сличностите што можат да не зближат, а тоа е таа универзална хуманост која ме води во комуникацијата пред различностите, и тој пристап е многу едноставен како да комуницираш со луѓето. За време на снимањето одлично се сложувавме сите и делувавме како една фамилија и зад камерите, бидејќи не може да се прикаже таа спонтаност во филмот, ако таа не постои и зад камерите. А мене ми беше важно да ја „фатам“ фамилијарната атмосфера и динамика, рече режисерот Столевски.
Во изборот на глумците гледам тие да имаат енергија, а кога ќе се видиме во живо, може да случи и таа енергија да ја почувствувам уште посилно. Ја барам и хуманата димензија и потенцијал којшто може и да е повеќе од она што на почетокот сум го регистрирал, но тоа ми е важно на почетокот а потоа може да се адаптирам јас кон нив, вели Столевски.
Марија Димитрова, продуцентката на филмот рече дека за неа било предизвик да се работи на него бидејќи со Горан Столевски и со останатите копродуценти на филмот се бореле да ги добијат најдобрите автори.
-Работевме со извонредни автори, извонредна актерска и техничка екипа и се водевме од тоа како Горан го замислува филмот, а потоа што треба да испорачаме кон фондовите. Мислам дека завршивме одлична работа, рече Димитрова и посочи дека филмот ќе се прикажува на фестивалите во Бурса и во Лондон.
Благоја Куновски Доре посочи дека Столевски и Доксевски веќе успешно функционираат како тандем и дека добро соработуваат со интернационална актерска екипа.
-Атмосферата која владееше на снимањето уште од првите сцени беше спонтана и релаксирана, актерите се движеа слободно, многупати и не знаеја каде се наоѓа Наум додека снима, но беа уверени дека што и да прават, тоа ќе биде уловено од неговата камера. Токму во тоа е мајсторството на Доксевски. Целата слика на амбиентот во кој снимавме наликуваше на делата на Караваџо и делуваше филмично и пред да почнеме да снимаме. Не може да постои таква семејна атмосфера пред камерата доколку не постои зад камерата, рече Столевски на денешната прес конференција.
Не може да постои спонтаност кај актерите, која се одразува на глумата и влијае на целокупната слика на еден филм, ако таа спонтаност ја нема и зад камерите, вели режисерот Столевски
Селекторот на главната селекција, Слаѓан Пенев и се заблагодари на целата екипа за филмот кој придонесе за прекрасното отворање на Фестивалот и посочи дека чувството кај гледачот додека го следи филмот е како да е и самиот внатре, во дејствието.
-Многу лесно се разбиравме со Горан. Се што тој ќе посочеше дека сака да постигне, се фаќав дека и јас истото сум го помислил во тоа време и сега од оваа дистанца дури ми изгледа чудно сето тоа. Бевме согласни дека треба едноставно да ја зграпчиме емоцијата која е најважна да ја доловиме на платното. Идејата беше да имаме еден натурален пристап и да претставиме атмосфера која нема да создава бариера меѓу гледачот и дејствието. Темпото на работата беше динамично и брзо, но го прифативме бидејќи мислевме дека тому таа енергија ќе се почувствува на платното, рече кинематограферот Наум Доксевски.
Филмот се снимаше минатата година во Скопје, а улогите ги толкуваат: Сара Климоска, романските актерки Ана Марија Маринка и Алина Шербан, Владимир Тинтор од Хрватска, Самсон Селим, Миа Мустафа, Џада Селим, Ајше Усеини од Македонија и Розафа Целај од Косово, но и други професионални и непрофесионални актери од Македонија.
Селекторот Пенев рече дека Самсон, Ајше и Џада извонредно ги одиграле улогите, а самите актери потврдија дека имале прекрасна атмосфера, функционирале како семејство и за нив ова е незаборавно искуство.
-Трет пат соработувам со Горан Столевски и мислам дека тој навистина умее да го извади од актерот најинтуитивното, да не создава лажен свет на сетот, туку не пушта сами да се забавуваме и да играме. И тогаш глумците се најдобри, изјави Сара Климоска.
Роза Трајческа-Ристовска е костимографка, Александара Чевреска е арт директорка, Горан Игњатовски е маскер. Ана Жежничек од Полска е сценографка, Леонора Мехмети Хоџа од Косово е дополнителен маскер, Ален Синкауз и Ненад Синкауз од Хрватска се композитори, Зоран Максимовиќ од Србија е снимател на тон и Ема Бортињон од Австралија е дизајнерка на звук.
Македонскиот кандидат за Оскар „Домаќинство за почетници“ ќе има кинопремиера во Скопје на 12 октомври во киното Синеплекс.
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…
Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски –…
Наградата за животно дело на годинашното 46. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја добие иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, додека наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност ќе ја прими американскиот режисер и кинематографер, добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, Воли Фистер,…
Во Младинскиот културен центар, во галерија 2, вечерва во 19 часот, ќе се отворат две самостојни изложби на двајца уметници: Бојана Мандевска со изложбата насловена „Маските како лице на денешницата“ и „Моќ во боја“ на Филип Матевски. Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката…
Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски, утревечер, први септември со почрток во 20 часот, на големата сцена, че биде отворена претстојната сезона на Македонскиот народен театар. Во претставата играат, Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела…