„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски го затвори 22. „CINEDAYS“
— 20 јули, 2023
Со проекцијата на филмот „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски, заврши 22-от Меѓународен фестивал на европски филм „CINEDAYS“
Под слоганот „Муви најт “ и годинава фестивалот обезбеди врвни филмски остварувања и македонски премиери, но со намален буџет и намалени простори за проекција на филмовите. Сепак повеќе од 5000 вљубеници на европскиот филм, беа присутни на репертоар кој го обезбеди ова 22 издание на „ CINEDAYS “.
„Имавме уште едно одлично издание на фестивалот на кое сме горди, особено заради условите во кое го реализиравме. Сублимирано ќе споделам дека ние сме вистински светски фестивал, кој има ексклузивни Кански премиери, врвни европски гости, публика која не доаѓа само на филмови, туку учествува активно на работилниците и дебатите и професионалци филмаџии кои жедно учат и стануваат конкурентни на европскиот пазар. Нашите потенцијали се големи и како продуценти на овој фестивал, но и како јадро околу кое гравитираат вистински европски вредности“ – вели Маргарита Арсова, координаторка на „CINEDAYS“.
Годинешните награди за најдобар филм, најдобра режија, најдобро сценарио и најдобра изведба ги додели жири комисијата во состав: Габриеле Брунемаер – филмски експерт и ментор, Дина Дума- режисерка и Ереник Бекири – режисер.
„Златна ѕвезда“ за најдобар филм го доби филмот „Обичните“ на Софи Линенбаум.
Со создавањето незаборавен свет преку користење улоги во филмови за да се прикаже неправедноста во нашите општества, ова дебитантско дело ни дава единствен глас, кој се осмелува остроумно да експериментира воспоставените филмски правила. Режисерот остро пркоси на дискриминацијата со досетлива сатира и трогателна драма. Наградата за Најдобар филм ја добива „Обичните“.
„Сребрена ѕвезда“ за најдобра режија му беше доделена на филмот „Тајмаут“ на Ев Душман.
Голем предизвик е да се направи филм што паралелно прикажува живот на три лика, кои уште од почеток се прикажани како антагонисти што излегуваат од затвор. Режисерката со леснотија нѐ запознава со овој свет. Начинот на кој ги води ликовите остава без здив и навивате за нив дури и во нивните најмрачни моменти, низ разни невозможни потфати во обид повторно да се поврзат со своите најблиски. Наградата за Најдобра режија ја добива Ев Душман за „Тајмаут“.
„Сина ѕвезда“ за најдобро сценарио за „Обичните“ на Софи Линенбаум и Михаел Фетер Натанаски
За создавањето уникатен универзум користејќи го светот на кинематографијата како алегорија на репресивно трокласно општество, наградата за Најдобро сценарио ја добиваат Софи Линенбаум и Михаел Фетер Натански за „Обичните“.
Специјално признание за најдобра изведба за доби филмот „Матријархат“ на Марија Васкез.
Водена од постојаниот страв дека ќе остане без пари и време, Рамона го движи филмот и ја понесува публиката. За нејзината извонредна и воодушевувачка изведба, жирито одлучи да ѝ додели специјална награда на Марија Васкез за улогата во дебитантскиот филм на Алваро Гагос, „Матријарх“.
SEE (South Eastern Europa) селекција
„Златно сонце“ за најдобар филм ја доби „Шоља кафе и нови чевли“ на Гентиан Кочи, поради визуелната и тактилната поезија на филмот кој ја кани публиката да внимава на секој детаљ. Филм кој покажува оригинален пристап кон комуникацијата и неможноста да се комуницира, како и кон тишината. Освен одличната актерска игра, зад оваа необична приказна се крие и современо чувство на изолација со кое сите можеме да се поврземе.
На фестивалот беа доделени и наградите во двете фестивалски програми: Официјална селекција и SEE (South Eastern Europa) селекција и нив ги доделуваше жирито на филмската критика во состав: Влатко Галевски, претседател и Стојан Синадинов и Тони Цифровски, членови, кое ја донесе следнава:
Истакнувајќи ја исклучително квалитетната годинашната програмска селекција во официјалната натпреварувачка категорија, жирито едногласно донесе одлука, Наградата на филмската критика да му биде доделена на унгарскиот филм ЛЕРИ (Larry) на сценаристот и режисер Шилард Бернат. Оваа ангажирана социјална драма ги осветлува проблемите на семејното и родово насилство и созревањето на главниот лик, комбинирајќи го текот на приказната со супериорна визуелизација и одлична актерска игра. Исклучително умешно е изведено преплетувањето на контрастните социјални пејзажи – од руралноста до хип-хопот.
Во програмата филмови од Југоисточна Европа во која доминираа личните судбини на протагонистите, за најдобар филмжирито едногласно го прогласи албанскиот филм„Шоља кафе и нови чевли“на сценаристот и режисер Гентиан Кочи. Оваа приказна на извонредно суптилен начин ја доловува интимната драма и трагична судбина на браќата близнаци. Публиката е емотивно вовлечена во трагичната судбина на главните ликови, а наративот и визуелната постапка се во мајсторски изведена синергија.
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…
Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски –…
Наградата за животно дело на годинашното 46. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја добие иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, додека наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност ќе ја прими американскиот режисер и кинематографер, добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, Воли Фистер,…
Во Младинскиот културен центар, во галерија 2, вечерва во 19 часот, ќе се отворат две самостојни изложби на двајца уметници: Бојана Мандевска со изложбата насловена „Маските како лице на денешницата“ и „Моќ во боја“ на Филип Матевски. Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката…
Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски, утревечер, први септември со почрток во 20 часот, на големата сцена, че биде отворена претстојната сезона на Македонскиот народен театар. Во претставата играат, Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела…