(Кон театарскиот фестивал Нова драма на Театарскиот институт од Братислава, Словачка, одржан 14-20 мај 2023 година)
Словачкиот театар го има атрибутот на особено ангажиран театар чии инспирации задираат длабоко во порите на современите социјални и општествени болести. Деветнаесеттото издание на фестивалот „Нова драма“ во Братислава оваа година се занимава со погубните контексти на изгубените идентитети и емиграцијата, па така и Театарскиот институт на Братислава покрај фестивалот, дводневната конференција ја озаглави како „Театар во прогонство“. Овогодинешниот фестивал понуди репертоар од десет претстави во официјална конкуренција и неколку мошне интересни настани во придружната програма каде што беше и мастер класот на познатиот швајцарски драматичар Игор Бауеризма кој беше и патрон на фестивалот и секако, погоре споменатата меѓународна конференција „Театар во прогонство“ предводена и модерирана од големиот театролог Патрис Павис, а од особен интерес беше и презентацијата на сегментот „Офф Авињон“ во склоп на Авињонскиот театарски фестивал од страна на Харолд Дејвис, потпретседателот на асоцијацијата, како и читањето на драмските текстови во најтесен круг за годишната награда за драмски текст на Театарскиот Институт.
Она што е најинтересно во овој секогаш одлично менаџиран фестивал е тоа што актуелноста на тематиката на сите претстави е неговата најголема доблест, па така во компетитивната програма се најдоа претставите на водечките словачки театри, но и на независните театарски трупи: „Нечистотија“ од Бела Пинтер на Словачкиот национален театар во режија на Јан Лутеран, „Матер“, авторски проект на групата Гафа и Нескори збер, во режија на Мартин Ходон, „Јокаста/Отворање на фестивалот“ копродикциски проект на Словачкиот камерен театар од Мартин и Градскиоте театри на Прага по текст и режија на Лукаш Брутовски, „Сврти ги коњите (смртта на Јозеф Хованец)“, исто така копродукциски проект на Националниот театар од Кошице и Табачка Културфабрик по текст и во режија на Јан Микуш, „Невестата“, на театарот Асторка Корзо 90 по текст на Ладислав Гросман и во режија на Јурај Нвота, „Збунетост“ на Театарот Јозеф Грегор Тајовски по текст на Мариус фон Маенбург, „Никогаш засекогаш“ на Театарот Петер Манковецки по текст на Фолк Рихтер во режија на Маријан Амслер, „24“, авторски проект на Валерија Шулцова и актерите, „Ендоканабиноид“, авторски текст на актерите во продукција на независниот театар Стока, а во режија на Блахо Ухлар и „Terra Apathy”, авторски проект на Ивота Дите Јурчова и Ела Лехотска во режија на Ивота Дите Јурчова.
Со оглед на тоа што оваа година компетицијата може да се пофали со голем процент на претстави од независни театарски трупи, може да се констатира дека театарското обмислување и од режисерски, но и од драматуршски аспект беше многузначно и во концептуална смисла исклучително шаренолико. Она што, во принцип, најмногу импонира кај овој фестивал, покрај длабоката ангажираност е сјајната актерска енергија и компактноста на самата театарска претстава фокусирана на мотивите и темата, а најмногу на пораката на секој режисерски концепт. Конференцијата која беше посветена на „Театарот во прогонство“ отвори низа прашања како што се идентитетските, прашањата за уметничката егзистенција на театарската уметност, на историските неправди што се провлекуваат долго време кога е во прашање вистинската улога на театарот во општеството, но и за политиката како средство за задушивање на театарската порака. Фокусот на украинската драматургија донесе многу грижи и полемики во насока на одредување на театарската тематика и човековата слобода за творење во виорот на војната на која по се изгледа не и се гледа крајот.
Театарските претстави во овој избор донесоа и една многу интересна ироничност, типична за драматургијата од овој дел на Европа, еден суштествен механизам на предупредување за губењето на човековиот идентитет, но и за погубноста на војната чии последици се вовлечени во емиграциските бранови кои понатаму отвораат други социјални и денографски недоразбирања. Ова издание на Нова драма се занимава со човековата слобода, со неговата непостојаност и внатрешна хипокризија, но се занимава и со неговата нова улога во информатичките бури каде што лагата е духовниот вирус кој води кон осаменост и недореченост.
Како и секоја година и оваа година фестивалот „Нова драма“ има меѓународна жири комисија со која претседателствуваше Игор Бауеризма и главната награда, Гранд При на фестивалот беше доделена на претставата „Невеста“ на на театарот Асторка Корзо 90 во режија на Јурај Нвота претстава која ја понесе и наградата на публиката, додека наградата за колективна актерска игра отиде кај претставата „Нечистотја“ на Словачкиот националнен театар во режија на Јан Лутеран, а студентската награда ја понесе претставата „Terra Apathy”, авторски проект на Ивота Дите Јурчова и Ела Лехотска во режија на Ивота Дите Јурчова, претстава инсталација која беше најчудното и најистражувачко театарско збиднување на фестивалот.
Словачкиот театар и оваа година покажа голема уметничка и социјална моќ. Но, тука е и словачката драматика која од година на година станува се поинтересна за театарските практичари и продуценти, така што Нова драма во Братислава е наслов кој значи драгоцено обедување на театарската мисла во Европа, а и во светот.
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…
Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски –…
Наградата за животно дело на годинашното 46. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја добие иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, додека наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност ќе ја прими американскиот режисер и кинематографер, добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, Воли Фистер,…
Во Младинскиот културен центар, во галерија 2, вечерва во 19 часот, ќе се отворат две самостојни изложби на двајца уметници: Бојана Мандевска со изложбата насловена „Маските како лице на денешницата“ и „Моќ во боја“ на Филип Матевски. Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката…
Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски, утревечер, први септември со почрток во 20 часот, на големата сцена, че биде отворена претстојната сезона на Македонскиот народен театар. Во претставата играат, Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела…