(Кон Хрватскиот шоукејс на Меѓународниот театарски институт од Хрватска одржан 18-22 мај 2023 година во Загреб, Хрватска)
Меѓународниот театарски институт од Загреб секоја година организира театарски шоукејс чија цел е да го покаже на професионалните театарски дејци од целиот свет она најдоброто од Хрватскиот театар, па така и оваа година Жељка Турчиновиќ, неговата раководителка понуди возбудлива програма на театри од Загреб и Риека, продукции што носат различни начини на мислење, различни концепти и театарски светогледи. Оваа година во четирите дена театарските професионалци (продуценти, критичари, автори, актери) од целиот свет можеа да ги погледнат претставите: „Браќа Карамазови“ (прв и втор дел) од Ф.М. Достоевски во режија на Оливер Фрљиќ, „Вишновата градина“ на А.П. Чехов во режија на Иван Поповски, и двете претстави во продукција на театарот Зекаем од Загреб, претставата „И Сирано и девојчето“, копродукција на Поко Локо театарот од Аргентина и младинскиот театар Камов од Ријека, во адаптација и режија на Гилјермо Балдо, кореодрамата „Херојот е уморен“ во копродукција на Националниот театар од Риека и музичкото биенале од Загреб во кореографија на Џузепе Спота, монокореографската драма „Мојата бабичка не го знае терминот биомоќ“ во кореографија и изведба на Настасја Штефаниќ Краљ, снимката на театарската претстава во продукција на Хрватскиот народен театар од Загреб „Sorry” во драматуршка обработка на Мирна Рустемовиќ и во режија на Бобо Јелчиќ и Претставата „Џекпот“ на Кунст театарот чиј автор и режисер е Ивор Мартиниќ.
Се на се, овој избор индицира театар од сите аспекти и од сите продукциски потези каде што е индикативно токму тоа што конвенционалниот театар се уште некако му се спротивставува на новиот начин на промислување кој подразбира повеќе движење и дескрипиција, едно дистантно гледање на инспиративните гами многу тенденциозно наречено „постдрамски театар“. Што се однесува до институциналниот агол на гледање, Жељка Турчиновиќ особено обрати внимание на независните театарски групи кои со својот талент и инвентивност се обидуваат да си го најдат местото под сонцето во театарско милје каде што моќните институционализирани театри се уште го имаат приматот. Во овој избор особено го привлече вниманието Зекаем, т.н. Загрепски театар на младите кој со двете масивни продукции на „Браќата Карамазови“ и „Вишновата градина“ го покажа оној лавовски дел од хрватскиот театар говорејќи за тоа дека овој театар е отворен и за конвенциоалниот начин на мислење, но и за некои други, подалечни толкувања на класиката. Сепак, како што напоменав погоре еден од најинтересните сегменти е независната продукција чија храброст и инвентивност да се проговори за општествените и политички аномалии низ многу различни и совршено интересни концепти е вистинскиот драг камен на овој фестивал. Сите четири претстави зборуваа за човековата фрагилност, за стегите на транзицијата и последиците од неа кога ќе се зачекори во Европското семејство, но и за вредностите кои полека се губат под напливот на лажните информации и хипокризијата на општествените и социјални тубуленции.
Хрватскиот шоукејс е само дел од богатата активност на Хрватскиот центар на ИТИ кој може да се пофали со позамашен избор на театарски публикации, избори на драми од различни земји и легендарното театарски списание „Казалиште“ кое на крајот од минатата година го издаде својот деведесетти број, но и со бројните колонии, театарски работилници и симпозиуми. Во целата оваа комплексност можеме да согледаме огромна грижа за театарската уметност во Хрватска од сите аспекти, една исклучителна посветеност на нејзината раководителка Жељка Турчиновиќ, но и една длабока инвентивност во пронаоѓањето форми на анализирање и систематизирање на театарот во Хрватска.
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…
Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски –…
Наградата за животно дело на годинашното 46. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја добие иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, додека наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност ќе ја прими американскиот режисер и кинематографер, добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, Воли Фистер,…
Во Младинскиот културен центар, во галерија 2, вечерва во 19 часот, ќе се отворат две самостојни изложби на двајца уметници: Бојана Мандевска со изложбата насловена „Маските како лице на денешницата“ и „Моќ во боја“ на Филип Матевски. Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката…
Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски, утревечер, први септември со почрток во 20 часот, на големата сцена, че биде отворена претстојната сезона на Македонскиот народен театар. Во претставата играат, Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела…