Почетна / Насловна / Став / Уникатната колекција на солидарност на МСУ на изложба во Виена (галерија)
Уникатната колекција на солидарност на МСУ на изложба во Виена (галерија)
— 20 април, 2023
Голем интерес во Виена за уникатната колекција на МСУ : Со уметност до солидарност
Пред повеќе десетици претставници на австриските медиуми, денеска се одржа конференција за печат во Кунстхале Виена, по повод вечерашното отворање на изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје”/„No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“ со дела од вредната и уникатна колекција на Музејот на современата уметност – Скопје.
Концептот на изложбата, која е резултат на соработката меѓу МСУ – Скопје и Кунстхале Виена го доближија Мира Гаќина, директорка на МСУ и една од трите уметнички директорки на Кунстхале, Сабина Саболовиќ.
Изложбата е курирана од уметничките директорки на Кунстхале, кураторскиот колектив What, How & for Who/WHW (Ивет Ќурлин, Наташа Илиќ и Сабина Саболовиќ).
„Практикувањето солидарност, значи припадност и споделување“, рече на денешната средба со австриските медиуми, Мира Гаќина, првиот човек на МСУ.
„Ние, како Музеј на современата уметност со нашите колеги од Кунстхале ги вклучивме искреностa и отвореноста во нашиот заеднички изложбен проект, за повторно да изградиме интимна врска со уметниците и да ја реактуелизираме солидарноста, како општествена вредност. Затоа, посветено го препрочитуваме и повторно го толкуваме поимот солидарност во современиот општествен контекст. Овие дела кои ги донесовме во Виена се гест на пријателство и се во духот на негување нови врски со Кунстхале Виена“, истакна Гаќина.
Досега, уникатната колекција на МСУ e повеќепати промовирана низ светот. Но, соработката со Кунстхале е најкомплексниот проект што досега го имал нашиот музеј. Не само поради тоа што ќе бидат изложени 94 дела од вредната колекција, која брои преку 5.500 дела, туку и поради фактот што делата можат да се погледнат во еден ваков посетен простор, во туристичка Виена, каде годишно поминуваат преку 75.000 илјади посетители, а само за вечерашното отворање се очекуваат повеќе од 1.500 гости.
Кураторките поканија 6 меѓународни современи уметници: Брук Ендру (Мелбурн), Синиша Илиќ (Белград), Иман Иса (Берлин) и Ѓулсун Карамустафа (Истанбул) и едно уметничко дуо Јане Чаловски и Христина Иваноска (Скопје), кои направија своја селекција од вредната колекција на МСУ и осмислија поставка со која воспоставија дијалог помеѓу делата на познатите уметници од колекцијата и нивната авторска работа. Идејата е да се види како денес современите уметници ја доживуваат оваа збирка, настаната преку светската солидарност. Покрај нив, фотографката Елфи Семотан (Виена), направи дела од градскиот пејзаж на Скопје и МСУ, а писателката Барби Марковиќ (Виена), напиша патопис за нејзиното искуство од соочувањето со сложените и слоевити истории на Скопје.
По завршувањето на пресот, 6-те современи уметници, вклучени во изложбата, го објаснија пред медиумите својот дијалог со делата од колекцијата на МСУ.
„Насловот на изложбата „No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“ е тесно поврзан со приказната за тоа како е изградена уметничката колекција на МСУ Скопје“, рече на денешниот прес, Саболовиќ, уметничка директорка на Кунтхале.
Потоа, низ еден емотивен и искрен манир им ја раскажа на новинарите приказната за настанувањето на колекцијата на МСУ – Скопје.
„Катастрофалниот скопски земјотрес во 1963 година, беше прва човечка катастрофа во тоа време, пренесена преку ТВ приемниците низ светот, која ја разбуди светската солидарност. Загубата на илјадници животи и домови беше емитувана низ целиот свет. Шокантните слики на човечката беспомошност против разорната сила на природата, доведоа до невидено брза, моќна реакција и одговор од светот. Обединетите нации веднаш апелираа за помош на скопјани и меѓудругото, потенцираа дека покрај материјална штета и многуте човечки жртви, важно е да се крене и духот на скопјани“, истакна Саболовиќ.
На повикот до светски познатите уметници да донираат дела, меѓу првите се пријави Пикасо, кој донираше дело за МСУ – Скопје, а по него и многу други: Дејвид Хокни, Виктор Вазарели, Александар Калдер, Кристо и Жана-Клод, Јаспер Џонс, Алекс Кац, Алберто Бури… Во знак на солидарност, пристигнуваа вредни подароци во МСУ од целиот свет. Денес, колекцијата е збир на важни личности од историјата на уметноста, од Украина до Јужна Африка, од Чиле до Нов Зеланд.
Дел од изложбата содржи и документарна секција за Скопје, трансформацијата на градот и приказната за МСУ и неговата колекција, документи и макетата на Кензо Танге, позајмени од архивите на Музејот на град Скопје и архивата на МСУ.
Вечерва пред официјалното отворање на изложбата предавање со наслов „Skopje: Building the City of Solidarity” ќе одржат и архитектите Ана Ивановска Дескова, Јован Ивановски и Владимир Десков.
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…
Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски –…
Наградата за животно дело на годинашното 46. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја добие иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, додека наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност ќе ја прими американскиот режисер и кинематографер, добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, Воли Фистер,…
Во Младинскиот културен центар, во галерија 2, вечерва во 19 часот, ќе се отворат две самостојни изложби на двајца уметници: Бојана Мандевска со изложбата насловена „Маските како лице на денешницата“ и „Моќ во боја“ на Филип Матевски. Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката…
Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски, утревечер, први септември со почрток во 20 часот, на големата сцена, че биде отворена претстојната сезона на Македонскиот народен театар. Во претставата играат, Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела…