(Кон претставата „Татко“ од Флоријан Зелер во режија на Дијана Добрева во продукција на Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија, Бугарија. Главни улоги: Владимир Пенев, Радина Крџалова, Јулијан Вергов, Марија Каварџикова, Константин Еленков)
Драмскиот текст „Татко“ на Флоријан Зелер, првиот од трилогијата посветена на дисфункционалноста на семејството говори за духовната запоставеност која некако следствено си заигрува со сите оние што ја имале среќата да зачекорат во длабоките води на староста. Зелер прави одлична драмска структура од дементните лупинзи на стариот Андре отворајќи ги траумите на семејството од минатото, но и на неговата дестабилизирачка состојба. Одличната дијалошка партитура на оваа пиеса чии сцени на мошне умешен начин се прелеваат од минатото кон сегашноста, а најмногу низ дементните бранови на стариот татко прави еден пресек на семејството чија историја во очите на таткото е трауматска и совршено напната.
И покрај тоа што овој текст не се одвојува од реализмот, неговата специфика е токму во прелевањето на дијалозите во различните временски рамки. Флоријан Зелер се наметна како голем мајстор на дијалогот со извонредна смисла за прецизирање на ликовите и со голем осет за органика на самата драма. Оваа претстава е дијаметрално различно режисерско промислување на Дијана Добрева за разлика од сите нејзини досегашни режии кои за свој предзнак го имале симболистичкото толкување на темите и пиесите. Овде се соочуваме со еден добро наслоен реализам со многу прецизни минималистички компоненти. Оваа нејзина режисерска визура потсетува на Бродевејските претстави каде што сите чинители на сцената вклучувајќи ги и актерите се скоро натуралистчки. Така во таа прекрасна сценографија која блеска со автентичност на прв план остануваат ликовите низ чии истории и актерско мајсторство се вмрежува режисерскиот концепт на оваа исклучително интересна режисерка. Добрева во оваа претстава е цврсто на земја и токму таму, на цврстата земја се соочуваме со последните години на еден човек чија старост го погодила со она најстрашното: деменцијата. Низ тие мрачни ходници на непрепознавањето, извитоперувањето на минатото, Добрева не води преку ликот на стариот Андре, но и преку сите други ликови кои се вовлечени во мрежата на неговите сеќавања.
Во небројниот кастинг најсигнификантен лик е ликот на таткото, стариот Андре кој маестрално го толкува доајенот на бугарскиот театар Владимир Пенев. Масивен и натежнат во годините, овој лик носи една специфика која е многу поразлична од другите толкувања на овој лик, а со тоа и една автентичност која во интерпретацијата на Пенев е исклучително благородна. Андре во оваа кожа е човек кој со себе носи иторија на доминантен pater familias, а кој таа позиција ја изгубил со налетот на деменцијата. Овој брилјантен актер извонредно ја одигрува таа внатрешна борба на главниот лик, неговото несоглаување да слезе од тронот на најмоќниот во семејството и неговата тага што во тоа цврсто спиритуално јадро може да навлезе само тој самиот, а заради неговата деменција сето тоа не можат да го препознаат другите. Владимир Пенев е маестрален во своите монолози, како и во развојот на целиот лик. Неговиот талент ги насетува тенките поместувања на ликот и тој оцртува човек чие згаснување е исклучително болно. На овој извонреден лик се придружува и Радина Крџалова која ликот на Ана, неговата ќерка го одигрува мошне динамично и доста рационално со одлично дозирање на емотивната гама на ликот. Имено, Ана појавувајќи се во различните временски периоди и во визиите на нејзиниот татко во интерпретацијата на Крџалова наметнува развој кој оваа актерка премостувајќи ја старосната граница на ликот го води мошне умешно. Ана на Радина Крџалова е антипод на својот татко, загрижена за неговото здравје во еден прилично рационален манир имајќи се во предвид и себеси и своето семејство. Таа одлично доловува тактична млада дама чии намери се очигледни и целисходни, дама која небулозите во животот на татко и стануваат неподносливи и се одлучува на она што е најполезно и за него и за неа. Од епизодните ликови како многу интересна актерка појава се наметнува и Константин Еленков кој ликот на младиот маж го одигрува импонирајќи со својата голема енергичност и вокална доминантност. Секако и другите актери и актерки се на нивото на отелотоврувањата на ликовите од оваа прекрасна пиеса на Флоријан Зелер: Теодора Духовникова, Јулијан Вергов и Марија Кварџикова.
Она што во визуелна смисла најмногу импресионира во ова видување на текстот на Зелер се сценографијата и костимите на Мира Каланова кои совршено се вклопуваат едно во друго и доловуваат една скоро натуралистичка атмосфера на раскошен дом на човек со богато минато. Колоритот кој делува скоро филмски и на сцената и на костимите остава силен впечаток кој заедно со актерската игра го синтетизираат тој свет на минат живот изгубен во заборавеноста и илузионизмот на човекот кој некако сепак сака да се ослободи од тие темни ходници на деменцијата. Инспиративната, но ненаметлива музичка илустрација е дело на една од најдобрите бугарски композиторки Петја Диманова.
„Татко“ е пиеса за болното збогување на човекот со својата духовно присуство. Флоријан Зелер напишал драмски реквием за дементноста на човекот кој во никој случај не сака да се збогува со овоземниот живот, а Дијана Добрева ползувајќи го повремено театарскиот јазик на големиот Ингмар Бергман направила претстава која навлегува во ганглиите на излитувањето на семејните релации.
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој…
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…