Оскари 2023: „Се`, секаде, одеднаш“ освои седум награди
— 14 март, 2023
Филмот „Се`, секаде, одеднаш“ е големиот победник на вечерта, освои седум од 11-те Оскари за кои беше номиниран. Како прва Азијка, Мишел Јео освои Оскар за најдобра актерка.
Научно фантастичниот филм „Се`, секаде, одеднаш“ ги освои наградите во категориите најдобар филм, режија и оригинално сценарио (Даниел Кван и Даниел Шајнерт), најдобра актерка (Мишел Јео) и споредна женска улога (Џејми Ли Кертис), споредна машка улога (Ке Хуи Кван) и најдобра монтажа (Пол Роџерс).
„На Запад ништо ново“
Мишел Јео воедно, 60-годишната актерка од Малезија е прва актерка со азиско потекло која добила Оскар за најдобра женска улога. „И благодарам на Академијата, овде се случи нешто историско. Ова е доказ дека можете да сонувате големи нешта и дека соништата навистина се остваруваат “, изјави таа.
Филмот е приказна за Евелин Ванг, имигрантка од Кина, која работи во перална и одеднаш се наоѓа во повеќе паралелни универзуми.
Брендан Фрејзер е прогласен за најдобар актер за улогата на дебел хомосексуалец во филмот „Кит“. Фрејзер со години, по бројни лични проблеми и удари на судбината, се имаше речиси повлечено од филмскиот свет.
Многумина филмски критичари сметаа дека Фрејзер нема да може да се избори во конкуренцијата со ирскиот актер Колин Фарел, кој важеше за фаворит, но Холивуд секогаш приредува изненадувања.
Германскиот филм „На Запад ништо ново“ кој ги освои главните награди на „Бафта“, доби четири Оскари, повеќе од било кој германски филм во историјата.
Воениот спектакл, работен според познатиот роман на Ерих Мариа Ремарк, во режија на Едвард Бергер, награден е како најдобар филм надвор од англиското јазично подрачје, а се закити со најпрестижното признание и за фотографија, сценографија и филмска музика.
Полскиот кинематографер освои Лукаш Жал ја освои Златната Камера 300 за неговата спектакуларна камера која ја следи приказната во филмот „Татковина“ на Павел Павликовски, на 47. Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На свеченото затворање на фестиваот, Жал преку видеопорака изрази жалење што поради работа на друг проект не е во можност да…
Со доделувањето на наградите Камера 300 во сите селекции вечерва свечено ќе биде затворено 47. ИФФК „Браќа Манаки“, а дебитантското остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ ќе ја има својата македонска премиера на затворањето на фестивалот вечерва во Битола. Нема да ви се верува што се случи претходно“ е политички трилер со елементи на црна комедија,…
Од 14-18 октомври, на неколку локации низ Скопје, во рамки на програмата, на 11.ИФФ Киненова ќе бидат претставени близу 40 филмски наслови поделени во 7 програмски целини. Со својот автентичен и единствен фестивалски формат, Киненова ги надминува границите што означуваат територии и континенти и останува посветена на промоција на уникатниот и свеж авторски израз, трагајќи…
На годинешното 47 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера, „Браќа Манаки“, ќе се одржи од 19 до 25 септември во Битола, премиерно ќе бидат прикажани два домашни филма, едниот на отворањето и вториот на затворањето на фестивалот. Филмот СКЕЈТАЊЕТО НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА на режисерката Дина Дума и кинематограферот Фредерик Нуаром ќе биде прикажан…
Долгометражниот игран филм „17″, во режија на Косара Митиќ и во продукција на „Црна Мачка Продукција”, е избран за македонски кандидат за наградата Оскар, во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор на национален кандидат за Оскар при Друштвото на филмските работници на Македонија, чиј состав е прифатен и одобрен од…
Оваа година КРИК – фестивал за критичка култура ќе биде домаќин на најзначајниот, напровокативниот и актуелен филозоф на 21 век, Мартин Хеглунд. На 29 јуни во понеделник, во 20:00 часот, во Музеј на современа уметност, овој познат филозоф ќе одржи предавање со наслов: „Овој живот – критика и еманципација“, кое се заснова на неговите тези…
Во организација на Министерството за култура и туризам, вчера, во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа јавна расправа по Предлог-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 година, на која министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја истакна важноста на културата како двигател на општествениот, економскиот и демократскиот развој…
Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата за графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, во Сули Ан во 19:30 часот, по 39 пат ја организираат изложбата СТУДЕНТСКА ГРАФИКА – ДРАГУТИН АВРАМОВСКИ – ГУТЕ. На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во…