Почетна / Насловна / Став / Горчливиот незаборав и лузните што никогаш не се бришат
Горчливиот незаборав и лузните што никогаш не се бришат
— 6 март, 2023
(Кон претставата „Рехниц – ангелот на уништувањето“ од Елфриде Јелинек во режија на Сабине Митерекер и во копродукција на Сараевскиот воен театар „Сартр“ со Хрватскиот народен театар во Мостар. Главни улоги: Селма Алиспахиќ, Јелена Кордиќ Курет, Џана Џаниќ, Сеад Пандур и Дражен Павловиќ)
На 25 март 1945 година, на забавата на грофицата Маргит од Бетијани, сопственичка на замокот Тисен во Рехниц, на Австриско-Унгарската граница каде биле поканети СС офицери, авторитети на Гестапо и нацистички лидери, околу полноќ биле собрани 200 Евреи, работници од концентрационен логор кои биле убиени од страна на пијаните гости.
Набрзо потоа, убијците ја напуштаат земјата затоа што војната завршува и нацистичкиот хорор капитулира, додека замокот Тисен е запален од страна на Русите ослободители. По војните сведоците очевидци исчезнуваат, обвинението не води никаде, а двестоте тела не се пронајдени. Оваа грозоморна историја е тема на една од најангажираните пиеси на Австриската нобеловка Елфриде Јелинек. Насловот на оваа пиеса го содржи насловот на филмот на Луис Буњуел „Ангелот а уништувањето“, па Елфриде Јелинек по длабокото истражување за овој настан одлучува дејствието да го заклучи во клаустрофобичната соба налик на онаа во замокот Тисен каде што протагонистите се обидуваат да го искажат неизречливото. Елфриде Јелинек пишува драмска предлошка со алузивен текстуален материјал кој е обликуван како монолог од повеќе од сто страници каде што „слепата точка“ за која зборува самата таа е темниот превез на непознатицата и изненадата зошто воопшто не се откриени макар и најмали детали окоу овој грозоморен настан на самото завршување на Втората светска војна. Овој монолог го говорат извесен број на актери каде што главната актерка е секогаш грофицата. Во оваа продукција текстот го интерпретираат пет актери и актерки каде што повторно централната фигура е самата грофица. Клаусторфобичноста на самиот простор кој во оваа претстава асоцира на реалистично третиран, богат салон е дел од асоцијативните реплики што во актерскиот хабитус на овој кастинг значат мета-реминисцентно навраќање на нешто што нема историски корпус, но е само фантазмагорија за која тие гласници на смртта одбиваат да ја потврдат веродостојноста. Режисерката Сабине Митерекер ја отфрла констатацијата дека овој драмски текст на Елфриде Јелинек е алузивна текстуална партија и се обидува вгнездувајќи го реализмот во неа да исцеди некакво собитие што ќе ја отвори таа „веродостојност“ толку блиска (преку историските факти), а толку далечна (без опипливи докази). Таа низ реалистичните алатки како да прави реконструкција на нешто што никој не го видел, а никој нема ни да го види, макар ни еден малечок доказ.
Она што го проголтал огнот во оваа претстава е тука, со сите детали и говори за една историја која е непростлива, но на еден сосема поинаков начин. Режисерката Митерекер се обидува низ иронијата и суптилната интерпретација на овој драмски текст на некој начин да се оддели од драматскиот аспект и да изгради претстава која ќе говори конкретно за настанот и низ таа „лежерност“ да ја открие вистинската причина за него. Во оваа кратка претстава актерските моменти се чудесни. Митерекер конструирала една рамка во која актерската енергија се канализира многу точно без да навлегува во многузначноста на репликите не авторката. Грофицата и четворицата други актерки и актери навлегуваат во тој, би го нарекле мета-реалистичен клуч со поттексти на реминисценција, она што најмногу и фали на самата приказна. Овде би ја издвоиле Селма Алиспахиќ, актерката која ја толкува грофицата и која ја отвора во микро брехтијански стил целата претстава. Имено, нејзината грофица кореспондира и со тоа и со ова време отворајќи една слоевита реторичност чија моќ е многу впечатлива. Оваа прекрасна актерка внатре, во својот емотивен хабитус се бори со совеста што ја нема, се бори со она што значи човечност која исто така ја нема. Таа истражува каде е причината за настанот кој се памети само по датумот и отсуството на 200 луѓе чии животи згаснале таа вечер од чист хир. Селма Алиспахиќ креира улога која фасцинира со својата извонредна елоквентност и актерска артикулација која ни донесува еден многу интересн лик што авторката не го проектира. Овде се вклучуваат и ликовите на останатите актери и актерки кои одигруваат ликови на мајордоми, келнери, офицери, гостинки итн. Отфрлајќи ги стереотипите во оваа претстава покрај Селма Алиспахиќ, многу интересни ликови толкуваат и Јелена Кордиќ Курет, Џана Џаниќ, Сеад Пандур и Дражен Павловиќ, ликови кои се преформулираат во зависност од настанот, кои се преплетуваат во дејствијата од кои зависи текот на таа несреќна реминисценција. Нивните актерски енергии се всушност ткивото на целата претстава во која грофицата ја наоѓа својата недореченост и каде што страшните злосторства против човештвото ја губат својата трага само тогаш кога човекот ќе се откаже од трагањето по нив.
Визуелниот момент е мошне интересен и тој се потпира на големата колоритност. И покрај тоа што актерите и актерките се гласници, а текстот на Јелинек има една футуристичка акцентираност, сепак, оваа претстава има една прекрасна воедначеност и делува како театарска етида каде што историјата ја погрешила својата транспарентност. Сценографијата на Моника Мочевиќ и костимите не Лена Самарџиќ делуваат совршено реалистично и покрај тоа што на моменти говорат за една театаралност која провоцира иреалитет, но на еден многу суптилен начин.
Оваа претстава остава многу отворени прашања и затоа е интересна за театарските уметници. „Запомнете. Ние не сме таму“, велат актерите, a Елфриде Јелинек вели „моите пиеси се составени од долги монолози што е слично на прозата што кореспондира со јазикот“. „Рехниц – ангелот на уништувањето“ е токму тоа: пиеса во којашто прозата е во служба на театарот, а претставата на Сабине Митерекер говори за неиспратената порака за хуманата состојка на човекот кој се уништува постојано. Се разбира дека сите повици се редундантни затоа што војната е се уште некаде пред врата, а грозоморните убиства се нејзин составен дел, но можеби еден ден некој ќе го открие она што некој друг го закопал, а некој трет пред него го извршил, а некој четврти со него бил жртва без име и презиме. Во овие горчливи процеси важно е едно: човековата бестијалност е пострашна од се.
Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…