(За 31. Денови на Зоран Радмиловиќ, театарски фестивал во Заечар одржан од 17-24 октомври)
Малку се театарските фестивали што се посветени на актерот како најкруцијален дел од една театарска претстава. Кај нас тоа е фестивалот „Ристо Шишков“ кое го носи името на големиот македонски актер, а во Србија тоа е фестивалот „Денови на Зоран Радмиловиќ“, големо име на српскиот театар, актер со невидена моќ за импровизација и незапирлив талент кој за жал, многу брзо си замина од животната сцена.
Неговата огромна актерска енергија и антологиски улоги ги паметиме уште од времето на Југословенската федерација, тогаш кога Зоран Радмиловиќ беше и наш, а не само српски актер. Неговите креации на Тато Иби во истоимената пиеса на Алфред Жари, а посебно улогата во „Радован Трети“, култната пиеса на Душан Ковачевиќ во продукција на Ателје 212, неговиот театарски дом, ќе останат како бесценети камења во српското, но и во европското глумиште. Со својата сепцифична ноншалантност и реторична субверзивност чија креативност е епохална, овој голем актер засекогаш ќе остане во колективната меморија и на Србија и на регионот. Триесет и првите „Денови на Зоран Радмиловиќ“ не само што е фестивал посветен на актерското мајсторство, туку тоа е и фестивал во којшто наградените актерски остварувања се најдрагите на сите оние актерски имиња кои ќе се овенчаат со нив.
Така, во секоја одиграна претстава од репертоарот на овој фестивал на еден од главните актери му се доделува „Зорановиот мустаќ“, додека жирито кое е секогаш составено од еминентни театарски професионалци доделува и главна актерска награда која од 2002 година ја понеле многу големи имиња на српската театарска сцена, награда која актерката Светлана Бојковиќ ја понесува двапати, а и награда која ја добил и нашиот Никола Ристановски. Од 2007 година на овој фестивал покрај актерските награди се доделува и награда за визуелен идентитет на претставата која Ателје 212 ја добило најмногу досега – трипати за претставите „Татко на службен пат“, „Збогум СФРЈ“ И „Свето Ѓорѓија го убива аждерот“. Секако, наградата „Зоран Радмиловиќ“ не се доделува само на овој фестивал. „Стерииното позорје“ доделува награда за актерска бравура со неговото име и тоа е една од најпосакуваните актерски награди нa тој фестивал, награда која се доделува од 1988 година и досега ја добиле 29 актери. Последната добитничка е прекрасната млада актерка Сања Марковиќ за извонредната креација на Цмиља во претставата „Чудо во Шарган“ на Југословенскиот драмски театар од Белград.
Во ова, триесет и прво издание на „Деновите на Зоран Радмиловиќ“ во конкуренција за актерските награди беа седум претстави: „Зошто спиеш на подот“, претстава во режија на Кокан Мленовиќ по романот на Дарко Цвијетиќ, а во копродукција на Српскиот народен театар од Нови Сад, Градскиот театар „Гавела“ од Загреб, Хрватска, Народниот театар од Сараево и Меѓународниот театарски фестивал МЕСС; „Трамвајот наречен копнеж“, култната пиеса на Тенеси Вилијамс во режија на Ленка Удовички, а во копродукција на Белградскиот драмски театар, Фестивалот БЕЛЕФ и Театарот „Улисис“; „Спортско срце“, пиеса на Ѓорѓе Милосављевиќ во режија на Милан Караџиќ, а во продукција на Звездара театарот од Белград; „Приспивна за Алексија Рајчиќ“ пиеса на Ѓорѓе Косиќ, во режија на Југ Ѓорѓевиќ, а во копродукција на Народниот театар од Белград, Стерииното позроје од Нови Сад и Фондацијата „Нови Сад“ – Европска престолнина на културата; „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ во режија на Иван Плазибат во продукција на Народниот театар од Бања Лука; „Некои тоа го сакаат жешко“, мјузикл по мотивите на истоимениот филм на Били Вајлдер во режија на Александар Маринковиќ во продукција на Народниот театар од Ниш и „Согласност“ пиеса на Нина Рејн во режија на Небојша Брадиќ, а во продукција на Атеље 212 од Белград. Оваа главна програма понуди изобилство од сјајни актерски креации во кои се издвојуваа оние кои беа наградени со „Зорановиот мустаќ“: Дарко Цвијетиќ кој многу вдахновено ги довика своите трауматски искуства од Босанската војна со еден посебен актерски израз, Бранка Катиќ чија Бланш Дибоа донесе голема актерска и театарска возбуда, Мима Караиќ, чија комика е длабока и есенцијална, како и Вања Ејдус, Жељко Еркиќ, Александар Маринковиќ и Бојан Жировиќ со извонредни актерски експресии. Но, стручното жири на фестивалот во состав: Мирослав Мики Радоњиќ, (претседател), Душко Љуштина и Тања Бошковиќ главната актерска награда и ја додели на Вања Ејдус за улогата во претставата „Приспивна за Алексија Рајчиќ“, додека наградата за визуелен идентитет „Крстомир Миловановиќ“ отиде кај претставата „Трамвајот наречен копнеж.“ Новинарското жири во состав: Тања Њежиќ (Блиц и Лудус), Оливера Милошевиќ (РТС) и Борка Требјешанин (Политика) наградата за најдобар млад актер му ја додели на Марко Грабеж за улогата во претставата „Согласност“.
И тоа не е се. Заечар, град со прекрасна театарска публика главната награда за најдобра претстава и ја дава можноста да ја додели токму на публиката која овојпат му ја додели на претставата „Некои тоа го сакаат жешко“ на Народниот театар од Ниш. Истата таа публика која сите претстави ги посетуваше во огромен број имаше можност да ги посети и настаните кои ја следеа главната програма, како што беа промоциите на театарскиот весник „Лудус“, единствен од таков вид во Европа и списанието на Стерииното позорје „Сцена“, двете книги театарски интервјуа „Театрологики“ на Оливера Милошевиќ, книгите „Во мирните денои“ на Драган Бабиќ, „Гороцвет“ на Миливое Млаѓеновиќ и „Дали веруваш“ на Драгутин Балабан Бајка, а бевме сведоци и на извонредната изложба на филмските плакати и фотографии од филмографијата на големиот Зоран Радмиловиќ. На крајот на фестивалот беше претставена и прекрасната монографија на Заечарскиот театар кој оваа година слави седумдесет и пет години од своето постоење, во авторство на Александар Милосављевиќ и како по обичај и оваа година фестивалот беше затворен со премиерата „Електра“ од Данило Киш во режија на Оливера Викторовиќ Ѓурашковиќ.
Почетокот на овој извонредно содржаен фестивал се случи една седмица пред главната каде што се случуваше еден друг фестивал повторно во слава на Зоран Радмиловиќ, а тоа е Петтиот Фестивал на малите театарски форми каде што исто така се доделува една актерска награда и каде што покрај другите претстави гостуваше и монодрамата на Билјана Драгиќевиќ Пројковска „Кармен“ во режија на Дејан Пројковски, а главната награда ја понесе актерот Ненад Јездиќ за монодрамата „Книга за Милутин“ по романот на Данко Поповиќ , а во режија на Егон Савин, награда која му ја додели стручното жири во состав: Спасое Ж. Миловановиќ (пртседател), Снежана Удицки и Бранисав Недиќ.
Постојано насмеаниот и до бескрај ангажираниот Владимир Ѓуричиќ е главниот „виновник“ што оваа прекрасна манифестација и овој прекрасен фестивал се едни од најзаначајните театарски настани во Србија. Човекот чија посветеност е неверојатна и чија инспиративност е воодушевувачка во еден миг проговори дека тајната на успехот на овој фестивал е во тоа „не сака да запре и дека е до крај посветен на неговото височество – актерот“, па така се она што ја исполни сцената на Заечарскиот театар беше актерски сјај и ловорики, една театарска маѓија која не само што воодушевува, туку и поттикнува на нови театарски авантури. И самиот Зоран Радмиловиќ во своето „Писмо на посилниот“ вели: „Актерот сака да биде и храбар и достоинствен, но и супериорен.“ И тоа е всушност најголемата вистина која на театарските штици го носи актерскиот сензибилитет и неговиот несрушлив персоналитет.
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој…
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…