Почетна / Култура на живеење / Насловна / Со проекција на францускиот филм „Мајка и син“ вечерва почнува 43. издание на ИФФК „Браќа Манаки“
Со проекција на францускиот филм „Мајка и син“ вечерва почнува 43. издание на ИФФК „Браќа Манаки“
— 19 август, 2022
Со проекција на францускиот филм „Мајка и син“ во режија на Леонор Сераије вечерва во 21 часот во Центарот за култура во Битола почнува 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“, најстар фестивал во светот кој ја слави камерата.
Директорка на фотографија на „Мајка и син“ е Елен Лувар, а филмот премиерно беше прикажан на Канскиот фестивал годинава. Лувар е една од најпознатите кинематограферки на денешницата, со импресивна филмографија од околу сто наслови, меѓу кои и филмови режирани од Агнес Варда, Алис Рорвахер, Вим Вендерс, Клер Дени, Меги Гиленхал итн.
Ова е петти филм на Лувар кој се прикажува во Главната програма на „Браќа Манаки“, откако претходно нејзините филмови играа: во 2003 година „Затвор“ (The Cage) во режија на Ален Раус; 2012 година „Атомска ера“ (Atomic Age), во режија на Хелена Клоц; „Невидливиот живот на Евридика Гузмао“ (The Invisible Life of Euridice Gusmao) во режија на Карим Ајнуз, 2019 година – за кој ја доби „Златната камера 300“ – и минатата година „Мурина“, во режија на Антоанета Аламат Кусијановиќ.
Мотото на годинашниот фестивал е „Реалноста не е доволна“. Во Битола веќе пристигна Ентони Дод Ментл, добитникот на „Златна камера 300“ за животно дело, која ќе му биде врачена вечерва. Во текот на денешниот ден ќе пристигнат и Дариа Д’ Антонио, кинематограферката на филмот „Божја рака“ на Паоло Сорентино, која по утрешната прес конференција ќе одржи мастер клас, Маја Богојевиќ и Мелиса Созен, членки на меѓународното жири за главната селекција, актерката Ева Херциг, потоа кинематограферот Душан Јоксимовиќ, Јасмин Башиќ, член на жирито за документарната селекција, кинематограферот Бен Гуез, Најџел Волтерс почесниот член на ИМАГО и многу други.
Од 14-18 октомври, на неколку локации низ Скопје, во рамки на програмата, на 11.ИФФ Киненова ќе бидат претставени близу 40 филмски наслови поделени во 7 програмски целини. Со својот автентичен и единствен фестивалски формат, Киненова ги надминува границите што означуваат територии и континенти и останува посветена на промоција на уникатниот и свеж авторски израз, трагајќи…
На годинешното 47 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера, „Браќа Манаки“, ќе се одржи од 19 до 25 септември во Битола, премиерно ќе бидат прикажани два домашни филма, едниот на отворањето и вториот на затворањето на фестивалот. Филмот СКЕЈТАЊЕТО НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА на режисерката Дина Дума и кинематограферот Фредерик Нуаром ќе биде прикажан…
Долгометражниот игран филм „17″, во режија на Косара Митиќ и во продукција на „Црна Мачка Продукција”, е избран за македонски кандидат за наградата Оскар, во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор на национален кандидат за Оскар при Друштвото на филмските работници на Македонија, чиј состав е прифатен и одобрен од…
Оваа година КРИК – фестивал за критичка култура ќе биде домаќин на најзначајниот, напровокативниот и актуелен филозоф на 21 век, Мартин Хеглунд. На 29 јуни во понеделник, во 20:00 часот, во Музеј на современа уметност, овој познат филозоф ќе одржи предавање со наслов: „Овој живот – критика и еманципација“, кое се заснова на неговите тези…
Во организација на Министерството за култура и туризам, вчера, во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа јавна расправа по Предлог-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 година, на која министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја истакна важноста на културата како двигател на општествениот, економскиот и демократскиот развој…
Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата за графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, во Сули Ан во 19:30 часот, по 39 пат ја организираат изложбата СТУДЕНТСКА ГРАФИКА – ДРАГУТИН АВРАМОВСКИ – ГУТЕ. На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во…
Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ која се одржува во Белгија, Националниот џез оркестар ќе настапи на 5 мај во престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, со својата програма „Македонски сновиденија“. „Macedonian Dreams“ („Македонски сновиденија“) е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска музичка приказна која Националниот џез оркестар со…
Во Венеција пристигна уметничкиот тим што ќе ја претставува Македонија на 61. Биенале за уметност. Венециското биенале, веќе 130 години е една од најпрестижните културни институции во светот. Првата Меѓународна уметничка изложба била организирана во 1895 година. Отворањето на Македонскиот национален павилјон е закажано за петок, 8 мај, во 18.30 часот, каде ќе биде изложен…