Култура

21. „Синедејс“ стартувеша со македонскиот филм „Мими“

Вчера, на една од локациите на коишто се одржува 21. издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“, на кровот на ГТЦ, беше отворен со премиерата на македонскиот филм „Мими“, втор долгометражен филм на Даријан Пејовски. Пред седум години токму на „Синедејс“ премиерно беше прикажан дебитантскиот филм на Пејовски, „Три дена во септември“, кој доби награда за најдобро сценарио на „Синедејс“. „Мими“ исто така е во натпреварувачка програма на годинешниот „Синедејс“.

„Мими“ е сниман во 2020 години, во ек на пандемијата на ковид. И покрај тешките услови во кои работела екипата, следејќи ги сите ковид-мерки, Пејовски кажа дека ковидот добро му дошол, бидејќи благодарение на мерките и карантините, тој и директорот на фотографија, Дејан Димески и Игор Тошевски, кој е автор на сценографијата, практично сами шетајќи по празните скопски улици ги одбрале локациите за снимање на филмот.

Темите кои ги обработува филмот се универзални. Филмот раскажува за Мими која ги напушта своите родители и болното минато од родното место, за да студира во Скопје. Ја запознава Сара – млада мајка со богат но насилен сопруг. Работејќи во киоскот на вујко ѝ, и како бебиситерка за Сара, Мими копнее по единственото што не може да го има – мајчинството.

Инаку, вечерва, „Синедејс“ започнува со реализирањето на својата програма на неколку локации во градот. Во продолжение ви го даваме репертоарот за вториот ден од фестивалот.

Репертоар на 21. CINEDAYS за 08.07.2022

ГТЦ Кров, 20:30 часот

Последен рез – Гала селекција

Сценарио и режија: Мишел Хазанавичиус

Во напуштена фабрика, во полн ек тече снимањето на нискобуџетен хорор филм. Уморни филмски работници, незаинтересирани глумци… Се чини дека само режисерот ја поседува енергијата потребна да вдахне живот во овој веќе стопати виден евтин зомби-филм. За време на подготовките на една особено тешка сцена, снимањето го прекинува ерупција на вистинските живи мртовци. Пред камерата, сѐ изгледа горе-долу нормално. Зад неа, екипата се обидува да го спаси филмот следејќи ја својата една и единствена максима: НЕ СЕЧИ!

Филмот својата премиера ја имаше на Канскиот фестивал во мај годинава.

Кино Милениум, 22:30 часот

Сопругата на Чајковски  – Гала селекција

Сценарио и режија: Кирил Сребреников

Филмот ја раскажува приказната за бракот на Петар Илич Чајковски, една од клучните точки во неговата биографија. Одлуката да си го промени животот со стапување во брак за да стави крај на гласините предизвикала сериозна психичка криза. Кога решава да се раздели од сопругата, тоа ја крши младата жена и на крај ја води до лудило.

Филмот својата премиера ја имаше на Канскиот фестивал во мај годинава.

Кинотека, 20:30 часот

107 Мајки – Официјална селекција

Режија: Петер Керекес

Лесја врши злосторство од страст, кое и носи седумгодишна казна во еден од женските затвори во Одеса. Само што го раѓа првото дете и сега влегува во свет каде што живеат само жени: затво- ренички, медицински сестри и затворски чуварки, жени од сите возрасти, сопруги и вдовици, ќерки, сестри, бремени жени и жени со деца. Да не беше бојата на униформите, понекогаш ќе беше тешко да се разликува кој е кој.

Награда за најдобро сценарио на Венеција филмски фестивал

22:30 часот, Тело Христово – офф програма

Сценарио и режија: Илија Павлов

Павел е глуво лице што почнува да го слуша гласот на својата почината девојка Касиа, откако цели пет години живее во целосна тишина. Се обидуваат да ги вратат спомените на своето загубено минато, а Касиа му помага на Павел да го најде „Местото“ каде што може да му се исполнат сите желби.

МКС парк, 21:00 часот

Соло Мод  – МК кратки

Режија: Тамара Котевска

Инспириран од ковид 19 пандемијата, загрижен сопруг и татко смислува професионална семејна друштвена игра со цел да ги зацврсти семејните односи, но наместо тоа ги заклучува членовите на семејството во посебни соби и создава „друштвена игра само за еден“.

Оркестар – Официјална селекција

Сценарио и режија: Матевз Лузар

Веселите членови на словенечки дувачки оркестар патуваат со автобус за да настапат во мало австриско гратче. По пат, пеат, се веселат и пијат. Дувачкиот оркестар е весело хоби за повеќето членови. Меѓутоа, не оди сѐ по план. Пет различ- ни приказни детално ни отсликуваат дека криењето на нечии постапки и намери e најдобриот начин да го засрамите.

23:30 Сinemusic, Концерт на Фанфара стејшн

FANFARA STATION е хипнотичка прослава со дувачки оркестар, цела северноафриканска ритам-секција и моќни електро-денс ритми што поставуваат темпо – сето тоа создадено од само тројца музичари, благодарение на вештото користење луп-станици и натснимување во живо на повеќе инструменти.

Инспирирано од сеќавањата на пејачот, композитор, дувач и истакнат перкусионист Марзук Мејри на дувачкиот оркестар на татко му во Тунис, триото со седиште во Неапол и Фиренца тргнува да изгради свои. Трубачот и тромбонист, роден во Кентаки, Чарлс Ферис, ги поставува луповите и создава блескави импровизации, додека извонредниот програмер Гијачоли е Бранцини ја насочува динамиката на подиумот.

Тројца Италијанци, еден со седиште во Неапол, а другите двајца во Фиренца, Тоскана, оддаваат почит на херојските подвизи на мигрантите од Медитеранот, музичките култури на африканската дијаспора и древните врски на јужна Европа со Средниот Исток, Магреб и Америка.

Поп Ап кино, 21:00 часот

Музеј на современа уметност

Крацерифестивалот на кратки жанровски филмови

Селекција  – Нов жанр

Целта на фестивалот на кратки жанровски филмови „Крацери“ е промовирањето на жанровскиот филм, кој воопшто не е застапен на останатите филмски фестивали во нашата држава и нужна е дополнителна афирмација на жанровскиот филм. Со помош на „Крацери“ на посетителите им се овозможува да имаат увид во светската кратка жанровска програма, која досега не е дел од постоечките филмски фестивали.

Првото издание на фестивалот на кратки жанровски филмови „Крацери“ ќе биде составено од две селек- ции. Едната гласи „Простори, звуци и движења“. Се работи за селекција која е синергичен спој од кре- ативна кореографија, визуелизација низ слободните зони. Изборот на филмови претставува е своевиден експеримент на форми и естетика, неретко давајќи им на филмовите ангажиран пристап до актуелности од секојдневниот живот. Оваа програма е реализирана со помош на фестивалот „Winter Apricot“ од Прилеп.

Другата гласи „Нов жанр“. Изборот на кратки филмо- ви од оваа селекција се состои од диверзитетот на филмски остварувања, кои содржат елементи од мно- штвото жанрови што овозможуваат синтеза на уни- катен филмски јазик. Целта на оваа селекција е да промовира млади автори, кои својот стилски израз го бараат и преиспитуваат преку оваа кратка жанровска

МКЦ, 20:00 часот

Лошите девојки од филмовите

Филмска костимографија на субверзивните женски ликови од 60-тите до 2000-тите

Малку филмови во историјата се запаметени по култните субверзивни главни женски ликови, а уште помалку по тоа колку нивните костими биле важни во создавањето и паметењето на ликот. Субверзивните „лоши“ девојки од филмската историја, а поточно од 60-тите години наваму се во фокусот на настанот со наслов „Лошите девојки од филмовите“, а посебно се еден од главните интереси на авторката на настанот – Сандра Шевандо.

Контроверзните ликови како Бони Паркер, Петра фон Кант и Северин од филмските автори Артур Пен, Фасбин- дер и Буњуел ќе останат запаметени по нивната костимографска визуелизација, која што ќе има силно влија- ние во секојдневната мода, не само во периодот во кој филмот излегол, туку и децении нанапред. Она што ги поврзува избраните ликови е нивната неконвенционалност, контроверзноста и противењето на наметнатите општествени норми.

Публиката ќе може да види различни рекреации на култни филмски костими што ќе опфатат различни формати и визуелизации од „живи слики“, видеа и графички постери, до импровизациски настапи на глумци и оживување на познати сцени од филмовите на сцени специјално поставени низ просториите на Младинскиот културен центар во Скопје.

Авторка на проектот е Сандра Шевандо, а куратор е Драган Христов. Продуцент е Емилија Чочкова/МКЦ.

Автор:

Слични статии