(Кон претставата „Game” (Игра) авторски проект на Жига Дивјак во продукција на Словенскиот младински театар и театарското списание „Маска“ како проект на „Нова пошта“. Гл. Улоги: Примож Безјак, Маруша Облак, Сара Дирнбек, Вито Вајс и Матеј Пуц)
„Не тепаа по главата“, „Му реков дека имам шеснаесет години, но полицаецот рече: ‘не, роден си во 2001 година’“, „Бевме како зомби. Не слушавме ништо“: одекнуваше во театарската сала на Словенскиот Младински театар каде публиката заедно со актерите ги следеа страотните факти за понижувањето на бегалците од блискоисточните држави низ Словенечките, Хрватските и Босанските граници. „Игра“, така го нарекувале суровите полицајци грозоморното испрашување и тероризирањето на овие луѓе кои избегале од своите огништа во налетот на војната. Жига Дивјак и со оваа претстава ги отвора раните на силната автократија во склоп на државничките апарати на транзитивните земји. Оваа претстава изобилува со факти, со бројки и изјави, изобилува со една горчина која ја чувствувате додека актерите говорат за ужасот на бегалците што се случил пред многу кратко време, за еден временски период за којшто не би поверувале дека можело да се случи сето тоа затоа што сега е, нели, дваесет и први век и таквиот начин на однесување, таков вид на понижување и дехуманизација веќе не „постои“? Текстот врз кој е градена претставата се состои од извештаи, од бројки, од односи, од горенаведената фактографија и изјави на самите бегалци, додека режисерскиот концепт, излегувајќи од целата таа маса на податоци се провлекува низ значенскиот ракурс на тие факти и тоа преку процесот на нивното емотивно метаболизирање. Тоа вмрежување на фактите со симпатиката на нивното пренесување води кон сценска адаптација која се движи по рабовите на својот ригидитет. Што значи тоа? Сите ужасни настани што се случувале на границите и поетиката на злоставувањето станува трактат кој актерите го одбележуваат и го пренесуваат со истата енергија со којашто режисерот ја конципира претставата. Имено, мапата што се простира пред нас е послана со реквизити на бегалците, а тоа е и траекторија низ која актерите навлегуваат во јадрото на сите тие случувања. Тука се поставува прашањето: зошто оваа претстава нема драматуршка подлога, зошто нема ликови и нема конвенционален драмски тек? Зошто грозоморните судбини на бегалците од Сирија, Авганистан и од Афричките држави не инспирирале да се напише драмски текст како оној на Тони Кушнер наречен „Домаќинка/Кабул?“ Би рекол затоа што аргументацијата со себе го носи впечатокот на конечност и погубност. Во режисерскиот јазик на Жига Дивјак бројката и зборот значат смрт или раѓање, борба или субмисивност, сегрегација или разбирање, но нивната вмреженост значи повик, порака и крик. Актерксиот сензибилитет во пртставата го носи со себе целиот тој метаболитички процес. Актерите се повторно меѓу нас, говорат покрај нас, фактите се нижат како куршуми, а погубноста на репресијата на дваесеттиот век ја чувствуваме со секоја изговорена реплика. „Игра“ зборува за едно време за кое многу се плашиме дека нема да запре овде, на овие настани, за време кое застрашувачки се надвило над нас како црна измаглица, за една човечка дисонантност од која нема излез, за нешто што е се помалку рационализирано и се помалку познато а се движи во маглата како сенка. Примож Бејзак, Вито Вајс, Маруша Облак, Сара Дирнбек и Матеј Пуц ги одигруваат оние настани за кои зборуваат низ нивните силни и импактни поттексти, тие ГОВОРАТ како да го одживуваат целиот тој ужасен егзодус, го пренесуваат на нас токму на тој симпатички начин на којшто се вклучуваме кога слушаме како некој ни раскажува приказна за понижувањето кое го видел или го доживеал. Иако преставата во целиот свој тек се базира на тој раскажувачки театар, во таа тишина која боли меѓу секој раскажан настан ние го чувствуваме сето она што не сме го знаеле, а се случувало на не голема далечина од нас. Токму така, овие сјајни актери се нагрнале со силна мотивираност и во тие стотина минути ни открија уште едно од човечките зла кое, за жал, се уште не е заврешно. Нивниот актерски сензибилитет е клучен за впечтливоста на целата претстава, нивната порака заедно со пораката на режисерот е силна и безрезервна, а нивната енергија за секој респект.
„Игра“ се случува на сцена каде што е и публиката. Меѓу два реда публика, во правоаголен простор кој е мапа на трите држави, а врз кој се собираат остатоците од личните нешта на бегалците. Во тој инспиративен простор на Игор Васиљев се движи целата таа сага на човековото одродување и понижување. Костимите на Тина Павлович се надополнуваат во таа поетика на реалитетот кој режисерот многу мудро го користи како визуелна подлога врз која ја гради својата претстава. Тука е и напати доминантната музика на Блаж Грацар чии акценти делуваат застрашувачки.
Досега не се повлекла никаква линија под поглавјата на насилството било каде на земјината топка. „Игра“ не е интригантна претстава. Таа е уметнички продукт чија порака е исклучително важна за опстанокот на човекот. „Игра“ зборува за наместениот легитимитет на насилството, за неговиот прикриен концепт, за премолчаната смрт, за понижувањето кое се чини дека никогаш не застарува. Таа зборува за судбините што се губат некаде во маглата на отчовечувањето, за долгите и непокриени траги на војната која повторно се разгорува, за непочитувањето на човекот од човекот, како и за биографиите кои времето ги брише со еден потег. „Игра“ на Жига дивјак, и воопшто неговите режии носат едно ново промислување на театарскиот миг, еден нов приод кој станува правец во прочитот на театарската уметност, линија на мислење која повторно ја враќа неговата актуелност, ја враќа неговата влијателност и во општетсвениот и во политичкиот живот. Секако, со оваа претстава Дивјак говори и за огромното и непростливо поместување на човековите критериуми во негативна насока, за неповратноста на изгубената вредност, како и за демотивираноста на човекот да го поитува, но и да го спаси својот вид.
Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој…
„На окрутноста на животот потребна му е благоста во погледот“, е превод на оригиналното издание „Окрутности живота потребна је благост погледа“, книга од соседството, од авторот Дејан Петровиќ, кој живее во Нови Сад, Србија. Тој зад себе, во неколку децениското пишување, остварил многубројни средби и направил интервјуа со значајни режисери, писатели, со луѓе од уметноста….
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион. Станува збор за вредни наоди, околку 80, откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион, односно на некропола од архајскиот период, 6 век…
Ново издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. Новото електронско издание на „Збирка ноти – Камерна музика од Љубомир Бранѓолица Vol. I“. претставува избор на дела од богатиот опус на македонскиот композитор со хрватско потекло, Љубомир Бранѓолица. На повеќе од 40-тина страници се сместени шест нотографирани дела, избор од богатиот…
На манифестацијата „Годишни награди за режисерите“, која се одржа во Нови Сад, на истакнатиот македонски режисер Столе Попов му беше врачена наградата „Живојин Жика Павловиќ“ за промоција на балканската кинематографија во светот. Наградата му ја врачи легендарниот актер Предраг Мики Манојловиќ, откако воведно обраќање имаше Ненад Павловиќ, и самиот режисер по професија и син на…
Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер, во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници на политичкиот и културниот живот на земјава и претставници на дипломатскиот кор беа доделени наградите на 9. издание на МФФ Киненова. „Гран при“ доби филмот „Жена-убиец“ на грчката режисерка Ева Натена,…
Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…