„Златна мечка“ за шпанскиот „Алкарас“ на Карла Симон
— 21 февруари, 2022
Престижната „Златна мечка“ за најдобар филм на 72. Берлинале ја освои шпанскиот филм „Алкарас“ на режисерката Карла Симон. Филмот е приказна за последиците од економската криза врз семејство кое ќе го загуби овоштарникот со праски во селото Алкарас во регионот Каталонија. Претходниот филм на Симон, „Лето 1993“ за семејство кое има ХИВ-позитивно дете, беше шпански кандидат за Оскар.
Одлуката, делото на режисерката Симон да го награди меѓу 18-те филмови кои се натпреваруваа за „Златна мечка“, ја донесе жирито на чело со американскиот режисер Најт Шамалан. „Оваа награда ја посветувам на сите оние кои и покрај сите маки се занимаваат со земјоделство“, изјави шпанската режисерка по врачувањето на наградата.
„Златна мечка“ за најдобар филм на 72. Берлинале за „Алкарас“ на режисерката Карла Симон
Филмот „Алкарас“ говори за шпанско семејство одгледувачи на праски кои се борат против уривањето на нивната плантажа за потребите на производство на сончева енергија. Жирито објасни дека филмот е награден за извонредните актерски достигнувања, од деца актери до актери во 80-тите години, за прикажувањето нежности и комични сцени во семејството и неговата борба, како и за „изневерувањето на нашата поврзаност и зависност од земјата околу нас“.
Вкупно 3 режисерки ги освоија главните награди на годинешното Берлинале, кое по ланското онлајн издание одеше во живо в кино. „Сребрена мечка“ , според одлуката на жирито, ја освои „Наметка од дијаманти“, деби на мексиканската режисерка Наталија Лопез Галјардо, а француската ветеранка Клер Дени доби „Сребрена мечка“ за најдобра режија за љубовната драма „Двете страни на сечилото“ со Жилиет Бинош, Винсент Линдон и Грегоар Колан. Главната награда Гран при му припадна на корејскиот режисер Хонг Санг за „Филм на романсиерот“.
Клер Дени
Француската ветеранка Клер Дени доби „Сребрена мечка“ за најдобра режија за љубовната драма „Двете страни на сечилото“
Наградата за најдобра главна улога, „Сребрена мечка“ за најдобро актерско остварување, ја доби германско-турската комичарка Мелтем Каптан за улогата на мајка која се бори да го извади синот обвинет за тероризам од американскиот затвор во Гвантанамо Беј во филмот „Рабије Курназ против Џорџ В. Буш“ ( „Rabiye Kyrnaz Vs George W. Bush“), на германскиот режисер Андреас Дрезен. Овој филм ја доби и наградата за најдобро сценарио. За најдобра споредна улога е наградена Лаура Басуки за индонезискиот „Нана“ на Камила Андини. Меѓународната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ ја додели адата на филмот „Леонора адио“ на легендарниот италијански режисер Паоло Тавијани.
Мелтем Каптан
Наградата за најдобра главна улога, „Сребрена мечка“ за најдобро актерско остварување, ја доби германско-турската комичарка Мелтем Каптан во филмот „Рабије Курназ против Џорџ В. Буш“
Награда од 40.000 евра за најдобар документарен филм отиде кај „Мјанмарски дневници“, којшто го прикажува бунтот против државниот удар во Мјанмар во 2021 година.
На 72. Меѓународен филмски фестивал во Берлин, кој започна на 10 февруари, со ограничено присуство на публика и строги епидемиолошки мерки, беа прикажани 256 филмови од 69 земји.
Во рамките на „Кадар-на“ / Her Frame, на 29 октомври во Кино салата на Вардар филм во Скопје, со почеток во 14 часот, ќе се одржат проекции на регионални кратки филмови, дел од нив во режија на учеснички на програмата. После проекциите ќе се одржи Q&A сесија со авторките на филмовите. Филмовите кои ќе бидат…
Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина…
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска, инспириран од животот на Мајка Тереза, синоќа го отвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, во Центарот за култура, каде наредните шест дена ќе се одржуваат проекциите на главната програма на Фестивалот. Во седумтте дена, колку трае овој фестивал ќе бидат прикажани филмови поделени во категориите, долгометражни играни…
Битола го добива сјајот и почнува да пулсира и да живее наредните седум дена во знакот на 46. Интернационален филмски фестивал на камера, ИФФК, „Браќа Манаки“. Свеченото отворање е во 20 часот во Центарот за култура -Битола, со проекција на филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар- Митевска. Директор на фотографија е Виржини Сен-Мартан од Белгија. Сценографијата е на Вук Митевски, прв асистент на режија…
Македонскиот филм „Силјан“ во режија на Тамара Котевска и во продукција на Конкордиа (Concordia) е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ за Најдобар интернационален филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Томи Салковски –…
Наградата за животно дело на годинашното 46. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе ја добие иранско – францускиот кинематографер Дариус Конџи, додека наградата Златна камера 300, за специјален придонес во филмската уметност ќе ја прими американскиот режисер и кинематографер, добитник на Оскар во 2010 година за филмот „ Почеток “ во режија на Кристофер Нолан, Воли Фистер,…
Во Младинскиот културен центар, во галерија 2, вечерва во 19 часот, ќе се отворат две самостојни изложби на двајца уметници: Бојана Мандевска со изложбата насловена „Маските како лице на денешницата“ и „Моќ во боја“ на Филип Матевски. Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката…
Со премиера на „Ангели во Америка“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски, утревечер, први септември со почрток во 20 часот, на големата сцена, че биде отворена претстојната сезона на Македонскиот народен театар. Во претставата играат, Јордан Симонов, Александар Сотименковски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела…