(Кон романот „Жените Гаврилови“ на Кица Колбе во издание на Или-Или, Скопје, 2021)
Идентитетските потраги се тешки и сурови талкања и во духовна и во практична смисла. Романот на Кица Колбе „Жените Гаврилови“ говори за тој вид на талкања на три генерации жени на богатиот трговец од Битола Кирил Гаврилов преку ликовите на Ника, Лина и младата Демиана.
Воедно овој роман отсликува два типа на жени: интелектуалки и жени кои се вградуваат во домот извршувајќи една чисто традиционалистичка функција. Кица Колбе исткајува приказна која започнува со смртта на Лина после која Демиана ја започнува својата потрага по достагата на генерациите Гаврилови, на храбрата Ника која станува студентка на историскиот Баухаус на Валтер Гропиус, додека нејзината сестра Катерина останала во каноните на својата типично „женска“ улога, но сосема поинаку контекстуализирана, како жена која ја има водечката улога во семејството, а мажот го поприма нејзиното презиме. Она што фасцинира во овој исклучителен роман е тоа што авторката ја користи фактографијата само како рамка врз која ја развива својата фикција и ги интерполира своите ликови, ги отвора нивните биографии и нивните релации редејќи ја низата аспекти од потрагата по себеси. Овде не станува збор за национален идентитет иако таа низ еден од своите ликови вели: „ Никогаш не знаев ни која сум, ни што сум“ вели таа. „Македонка родена во Германија или Германка порасната во Македонија? Знам само дека не сум ни едното ни другото. Ниту сум целосно Македонка, ниту сум целосно Германка… во ниедна земја не сум вистински вкоренета. Повеќе сум од оние што се на постојан пат. Од себеси, кон себеси. Туѓинци за другите, непознати за себеси.“ Секако, овде се поставува прашањето: каде се корените на историските недоумици како животни прашања? Секоја од овие генерации живееле во одредени историски опкружувања и тие наметнувале откорнување од својето парче земја во потрага по – што? Недоумиците имаат свои микро причини кои се требат од купот семејни намери и состојби, но одлуките стануваат еден вид на генетичка навика која проследила три генерации. Кица Колбе отвора голема тема, а тоа е длабоко излитниот идентитет на македонецот во други земји, генерациското избледнување и реконципирање на семејството кое во овој роман во текот на едно столетие преживеало совршено висок степен на тивка, суптилна, но метастатична асимилација.
Жените Гаврилови се парадигми на номадски примероци чија недоумица има огромни размери. Додека ја читате ова книга ќе западнете во стапицата на своите фантазии и соништа за некои други животни траектории, за некои други историски рамки, за некоја иднина која никој од нас не може да ја предвиди, а многу малку и да ја планира. И Ника и Лина и Демиана со себе го носат историскиот раскин и тоа најмногу низ распуканите слики од своите мигови – тука и таму. Авторката во ова длабоко комплексно четиво вткајува и животни пресвртници внатре, во самото семејство, недоразбирања кои не подразбираат тло, кои се едноставно еха на некоја комбинаторика поврзана со духовните потреби. Започнувајќи ја семејната дихотомија на Ника и Катерина таа расплетува дилеми кои се однесуваат на женската различност внатре, во нејзиниот духовен хабитус и сето тоа низ еден наратив кој е длабоко натопен со емоција, кој низ себе ја вее традицијата како зачин без кој не може да мириса ни куќата, ниту пак челадта. Кица Колбе низ овие дихотомии раскажува за една многу спеицифична историја која тргнува од погоре споменатата историска и внатрешна недоумица, а завршува со тагата и трагиката на избледениот идентитет. Кога зборуваме за пречекорување на границите, зборуваме за едно цивилизациско промешување чии последици со генерации стануваат начин на живот. Пребродувањето на различноста и прилагодбата е децениска и историска и генетичка формула која не е решлива. Секогаш има остаток кој е и идентитетски, но е и историски. Жените Гаврилови ја исползувале уметноста како излез од социјалните тегоби и потребата да се биде сосема друг. Богатиот Кирил Гаврилов ги испратил двете ќерки да добијат образование во Софија. Во тие периоди овој потег бил крајно храбар затоа што во својата инцијалност му се спротивставувал на традиционалното поимање на жената во почетокот на дваесеттиот век. Кица Колбе традиционалноста ја подразбира како внатрешен порив, како слабост или можеби како врамување на духот. И токму затоа овој роман е грандиозен – затоа што поривите на женскоста не ги бара во конвенциите на временскиот период, туку во поимањето на улогата на жената во сите временски рамки.
Идентитеските прашања во „Жените Гаврилови“ се патека по која се движат и сите дела кои се занимаваат со проблемот на исселувањето и прилагодувањето на новото тло, како и создавање на некаков нов, поинаков живот. Но, авторката на овој роман се занимава со една друга релација, а тоа е фреквентноста на осцилирањето меѓу двете татковини, нејзините последици и влијанија врз ликовите од романот. Кољо во пиесата на Горан Стефановски „Тетовирани души“ постојано го носи куфорот со себе подготвен да замине за Македонија, но никогаш не заминува. Немоќта да се најде себеси во новиот свет, а и стравот да се врати во стариот од кутриот Кољо направиле сениште кое постојано плаче и рида. Жеите Гаврилови се чини дека тешко се справуваат со вртоглавицата која не им дава да се пронајдат во ниеден од двата света, но само да се прашуваат, да се прашуваат и да се прашуваат. Кица Колбе таа дилема ја отвора храбро, но ја отвора и застрашувачката состојба која вели дека всушност на тоа прашање нема одговор. Дека талкањето со себе носи повеќе страдање отколку задоволство и дека сите заумни потези во тоа семејство биле само плод на таа идентитетска вртоглавица. И Ника и Лина и Демиана се држат за својата женственост како за ограда од мост под кој татнат слапови од недоразбирање. Тие следат една историска „оправданост“ која се претворила во следство што не можат да го запрат. Говорејќи за нивните страдања оваа извонредна авторка навлегува во уште една проблематика,а тоа е неможноста од овие ликови и состојби да се извлечи универзалниот момент. Сите три жени Гаврилови тешко се ослободуваат од прангите на Македонската архаика. И тоа е легитимно право на секој што побарал живот некаде на друго место. Да робува на мазохизмот на себеотуѓувањето. Тоа во оваа проза не е проклетство, тоа е прашање на избор. Секако, тоа е и прашање на искреност на која Кица Колбе инсистира уште од првата реченица. Како и во „Земја на бегалци“ така и во овој роман, таа сенката на припадноста не ја носи како препрека во дејствието, туку ја носи како начин на живот. И оттука ја развива целата сторија. Жените Гаврилови се борат меѓу двата начини на живот кои се механизми и генератори на недоразбирање и, од друга страна се причина за „заминување или останување“. Новите генерации не подразбираат недоумици во врска со припадноста. Новите генерации се веројатно далеку од универзалноста затоа што ретко кој и се приближил, туку се дел од една нова стварност мултикултурната, која има сосема други прерогативи и една фрагилност што носи низа сомнежи. Но, едно е сигурно, секое идентитетско пребарување е болно и со себе носи нови и нови дилеми, нови и нови отстапки и откажувања, нови и нови жртви. Романот на Кица Колбе „Жените Гаврилови“ е роман токму за тие жртви и за распуканите слики на една никогаш незавршена потрага по себеси.
Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…