Сите нови станбени згради во Англија мора да имаат цигли за пчели
— 4 февруари, 2022
Со цел да се зголеми биолошката разновидност, градот Брајтон донел измени во Законот за планирање, според кои секоја нова станбена зграда со височина над 5 метри мора да има специјални тули, прилагодени за гнезда за пчели и кутии за гнезда за птици. Феј Клифтон (Faye Clifton) од Green&Bluea, фабриката којашто ги произведува овие цигли, со својата иновација за оваа цигла за пчели, (bee brick), е лансирана во 2014 година кога ја освоиле наградата за иновација на Задругата Soil Association. Оваа цигла е развиена во соработка со еколозите и пред лансирање на циглата на пазарот го направиле двегодишниот истражувачки проект со Универзитетот во Егзетер за да ја тестираат нејзината ефикасност.
Овие тули се со иста големина како и обичните, но имаат тесни отвори во кои пчелите самици може да прават гнездо. Целта на измените е да се зголемат можностите за биолошка разноликост со оглед на тоа што ваквите пчели сочинуваат речиси 250 од приближно 270 вида пчели во Велика Британија и тие играат важна улога во природниот екосистем.
Специјалните тули за пчели им биле предложени на властите во 2019 година, а одредбата се применува од 1 април 2020 година. Корнвал и Дорсет се други места што усвоиле слични политики во земјата.
Како што објаснува Феј Клифтон од „Грин енд блу“, компанијата што произведува специјални тули за пчели, пчелите самици најчесто се гнездат во истрошените ѕидарски материјали и стари тули, но модерните згради се совршено изградени и нема простор за гнездење.
Научниците се поделени за ефективноста на овие цели бидејќи некои сметаат дека постојат ризици, како привлекување инсекти и полесно ширење на болести. Но според оние што ја поддржуваат, предностите се поголеми од ризиците.
Една третина од светското производство на храна зависи од пчелите и другите опрашувачи, но околу еден од 10 вида пчели во Европа е во опасност од изумирање. Пчелите самици се особено загрозени бидејќи поголемиот дел од иницијативите се однесуваат на медоносните пчели.
Полскиот кинематографер освои Лукаш Жал ја освои Златната Камера 300 за неговата спектакуларна камера која ја следи приказната во филмот „Татковина“ на Павел Павликовски, на 47. Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На свеченото затворање на фестиваот, Жал преку видеопорака изрази жалење што поради работа на друг проект не е во можност да…
Со доделувањето на наградите Камера 300 во сите селекции вечерва свечено ќе биде затворено 47. ИФФК „Браќа Манаки“, а дебитантското остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ ќе ја има својата македонска премиера на затворањето на фестивалот вечерва во Битола. Нема да ви се верува што се случи претходно“ е политички трилер со елементи на црна комедија,…
Од 14-18 октомври, на неколку локации низ Скопје, во рамки на програмата, на 11.ИФФ Киненова ќе бидат претставени близу 40 филмски наслови поделени во 7 програмски целини. Со својот автентичен и единствен фестивалски формат, Киненова ги надминува границите што означуваат територии и континенти и останува посветена на промоција на уникатниот и свеж авторски израз, трагајќи…
На годинешното 47 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера, „Браќа Манаки“, ќе се одржи од 19 до 25 септември во Битола, премиерно ќе бидат прикажани два домашни филма, едниот на отворањето и вториот на затворањето на фестивалот. Филмот СКЕЈТАЊЕТО НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА на режисерката Дина Дума и кинематограферот Фредерик Нуаром ќе биде прикажан…
Долгометражниот игран филм „17″, во режија на Косара Митиќ и во продукција на „Црна Мачка Продукција”, е избран за македонски кандидат за наградата Оскар, во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор на национален кандидат за Оскар при Друштвото на филмските работници на Македонија, чиј состав е прифатен и одобрен од…
Оваа година КРИК – фестивал за критичка култура ќе биде домаќин на најзначајниот, напровокативниот и актуелен филозоф на 21 век, Мартин Хеглунд. На 29 јуни во понеделник, во 20:00 часот, во Музеј на современа уметност, овој познат филозоф ќе одржи предавање со наслов: „Овој живот – критика и еманципација“, кое се заснова на неговите тези…
Во организација на Министерството за култура и туризам, вчера, во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа јавна расправа по Предлог-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 година, на која министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја истакна важноста на културата како двигател на општествениот, економскиот и демократскиот развој…
Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата за графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, во Сули Ан во 19:30 часот, по 39 пат ја организираат изложбата СТУДЕНТСКА ГРАФИКА – ДРАГУТИН АВРАМОВСКИ – ГУТЕ. На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во…