Култура

„Како крајот и да не е сосема блиску“ вечерва го отвора 46. МОТ

Вечерва, во 20 часот, во Македонскиот народен театар, претставата „Како крајот и да не е сосема блиску“, во режија на Никола Зависиќ, ќе го отвори 46. издание на Млад отворен театар, МОТ. Станува збор за екпериментална претстава на Битеф театарот инспирирана од суптилните поместувања на светот, односите и човечката интеракција во дигиталната реалност, како и обидот за измислување некои нови облици на соживот и заедништвото на човекот и машината во најинтензивните времиња што досега сме ги искусиле. Публиката, составена од пет луѓе, ќе може да доживее виртуелно патување низ можните нови светови околу и во нас самите.

Низ интерактивна игра на моменталното заедништво, кое се воспоставува во микроструктурата на театарскиот чин, на публиката и се дава можност истовремено да биде изведувач, гледач и да го бира аголот на гледање. Користејќи ја виртуелната реалност, аудиовизуелните инсталации и текстот, односно гласот што повикува на учество, овој чин станува повик на барем и мала, незабележлива лична револуција. МОТ оваа година ќе се одржи во два блока, од 18 до 26 ноември и од 2 до 7 декември, со изведби во живо, односно со целосно физичко издание, и со програма од 26 внимателно селектирани претстави. Како што посочи Арсов, првиот блок на фестивалот е посветен на меѓународната програма во која ќе гостуваат претстави од Австрија, Словенија, Бугарија, Турција, Србија и Хрватска, а вториот на домашната независна продукција.

 Ова издание на МОТ е особен предизвик, бидејќи се обидуваме да го зачуваме духот на еден од најстарите меѓународни театарски фестивал во регионот, во овие несигурни времиња, кога многу фестивали се принудени да ги откажуваат своите активности, а самите театри се борат да ги одржуваат своите редовни репертоари, изјави Русе Арсов во име на тимот на МКЦ.

„Како крајот и да не е сосема блиску“ е претстава во која нема актери, а публиката може да биде изведувач, гледач и да го бира аголот на гледање. 

На ова издание сега наместо три изведби на расказите на Румена Бужаровска „Мојот маж“, кој одамна ги надмина границите на нашата земја, ќе гледаме две претстави во изведба на  Југословенско драмско позориште, Белград (СРБ) и на Драмскиот театар во Скопје. 

За жал поради болеста на членовите на Словенско народно гледалишче од Љубљана, изведбата на претставата „Мојот маж“ работенапо текст на Румена Бужаровска е откажана. На ова издание сега наместо трите изведби на „Мојот маж“, кој одамна ги надмина границите на нашата земја, ќе гледаме две претстави во изведба на  Југословенско драмско позориште, Белград (СРБ) и на Драмскиот театар во Скопје. Трите режисерки, Јована Томиќ, Ивана Ѓилас и Нела Витошевиќ за првпат ќе имаат можност да се сретнат на панел-дискусија во рамки на МОТ.

На годинешниот МОТ ќе имаме можност да ги видиме трите продукции курирани од нашите долгогодишни соработници Локомотива – Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата, а ќе ги погледнеме и Скопје танцовиот театар со „Искричаво“, Турскиот театар „Вишновата градина“ и копродукциите на Македонскиот народен театар со претставите на Ѓорѓи Јолевски „Последната лента на Крап“ и македонската премиера на „Нема да биде крај на светот“ – копродукциски проект со САРТР од Сараево, БиХ, во режија на Нина Николиќ. МОТ исто така ќе биде домаќин и на австриската продукција „Theater am Lend“ со претставата „Кабли“, во која учествуваат и двајца македонски автори – Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски, а при крај на првиот блок се гледаме со Словенско младинско гледалишче (СЛО) и нивната „Уметноста е ормар“ во режија на Иван Петернељ. Вториот дел од МОТ почнува на 2 декември и во него, како што потенцираат од МКЦ, ќе се види одразот на независната домашна продукција, која во периодот на пандемија се покажа како исклучително активна и токму затоа го заслужува вниманието и овој МОТовски репертоар.Ќе бидат прикажани претставите на Лука Кортина „Дневна доза мазохизам“, Сибел Абдиу „Модиљани“, Ангела Стојановска со „Срам“, Борис Василески „Вистинскиот запад“, Нела Витошевиќ „Работи за кои не зборуваме“, Јован Ристовски „Три“, Ана Батева „Шапка, анус, чоколадо и уште нешто“, Пандорината кутија: Наследството на ќерката на Ришард Ниечим, „Мајсторот за спомени“ на Јане Спасиќ, „ПодГотвено“ на Дејан Спасовиќ, „Имагинарен, ти“ на Блерим Дардишта и „Јовано, Јованке“ на Јована Зајкова и Бобан Русески.Четириесет и шестиот Млад отворен театар ќе се случува на шест сцени, Младински културен центар, Драмски театар, Театар Комедија, МНТ и Дом на АРМ. 

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје. 

Слични статии