Јапонците направија „паметна“ заштитна маска за лице
— 30 октомври, 2020Јапонската компанија „Donut Robotics“ дизајнираше модерна заштитна маска која освен што штити, ја олеснува комуникацијата. Заштитната маска C-Mask се става преку маската за еднократна или повеќекратна употреба, во себе содржи микрофон и во комбинација со паметен телефон ја олеснува комуникацијата додека истовремено се одржува безбедното растојание меѓу соговорниците.
Имено, микрофонот кој се наоѓа во маската го прима тоа што го зборувате, го испраќа преку Bluetooth до паметен телефон и со помош на алгоритам за препознавање на говор го претвора говорот во текст кој го гледате на екранот на паметниот телефон или пак, едноставно го пренесува гласот преку звучникот на телефонот за да соговорникот може појасно да слушне што зборувате.
Освен тоа, апликацијата која оди со маската има можност за превод на осум светски јазици. Во „Donut Robotics“ имаат големи планови за надградба на маската и додавање нови опции, но засега имаат отворена страница за преднарачка. Цената на една ваква маска во Јапонија изнесува околу 35 долари, а компанијата планира да ги продава маските во целиот свет, но уште не е познато кога.
Извор: forbes.com
Преземено од Окно.мк
Автор:
Слични статии
-
-
Скопскиот аквадукт ќе добие нови културни и рекреативни содржини
25 февруари, 2018 -
-
Експертите на УНЕСКО ќе кажат во Париз што виделе во Охрид
12 април, 2017
Последни статии
-
„Златна камера“ 300 ја доби Лукаш Жал за „Татковина“ на Павликовски на 47. „Браќа Манаки“
— 26 септември, 2026Полскиот кинематографер освои Лукаш Жал ја освои Златната Камера 300 за неговата спектакуларна камера која ја следи приказната во филмот „Татковина“ на Павел Павликовски, на 47. Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. На свеченото затворање на фестиваот, Жал преку видеопорака изрази жалење што поради работа на друг проект не е во можност да…
-
Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ ќе го затвори 47. ИФФК „Браќа Манаки“
— 25 септември, 2026Со доделувањето на наградите Камера 300 во сите селекции вечерва свечено ќе биде затворено 47. ИФФК „Браќа Манаки“, а дебитантското остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ ќе ја има својата македонска премиера на затворањето на фестивалот вечерва во Битола. Нема да ви се верува што се случи претходно“ е политички трилер со елементи на црна комедија,…
-
Режисерот од Турција, сценарист, актер и историчар, Емин Алпер, добитник на Сребрената мечка во Берлин, е лауреат на 11.ИФФ Киненова
— 8 септември, 2026Од 14-18 октомври, на неколку локации низ Скопје, во рамки на програмата, на 11.ИФФ Киненова ќе бидат претставени близу 40 филмски наслови поделени во 7 програмски целини. Со својот автентичен и единствен фестивалски формат, Киненова ги надминува границите што означуваат територии и континенти и останува посветена на промоција на уникатниот и свеж авторски израз, трагајќи…
-
„Скејтањето не е за девојчиња“ на Дина Дума го отвора 47. ИФФК „Браќа Манаки“
— 2 септември, 2026На годинешното 47 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера, „Браќа Манаки“, ќе се одржи од 19 до 25 септември во Битола, премиерно ќе бидат прикажани два домашни филма, едниот на отворањето и вториот на затворањето на фестивалот. Филмот СКЕЈТАЊЕТО НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА на режисерката Дина Дума и кинематограферот Фредерик Нуаром ќе биде прикажан…
-
„17“ на Косара Митиќ е македонскиот кандидат за Оскар
— 1 септември, 2026Долгометражниот игран филм „17″, во режија на Косара Митиќ и во продукција на „Црна Мачка Продукција”, е избран за македонски кандидат за наградата Оскар, во категоријата најдобар меѓународен долгометражен филм. Одлуката ја донесе Комисијата за избор на национален кандидат за Оскар при Друштвото на филмските работници на Македонија, чиј состав е прифатен и одобрен од…
-
КРИК – фестивал за критичка култура ќе биде домаќин на најзначајниот, Најпровокативниот и актуелен филозоф на 21 век, Мартин Хеглунд, гостин на КРИК, на 29 јуни во МСУ
— 28 јуни, 2026Оваа година КРИК – фестивал за критичка култура ќе биде домаќин на најзначајниот, напровокативниот и актуелен филозоф на 21 век, Мартин Хеглунд. На 29 јуни во понеделник, во 20:00 часот, во Музеј на современа уметност, овој познат филозоф ќе одржи предавање со наслов: „Овој живот – критика и еманципација“, кое се заснова на неговите тези…
-
Љутков: Посебен акцент во Стратегијата е ставен на младите и нивното активно учество во културниот живот
— 12 мај, 2026Во организација на Министерството за култура и туризам, вчера, во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа јавна расправа по Предлог-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 година, на која министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја истакна важноста на културата како двигател на општествениот, економскиот и демократскиот развој…
-
39. изложба „Студентска графика Драгутин Аврамовски Гуте“ денеска во Сули-ан
— 6 мај, 2026Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата за графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, во Сули Ан во 19:30 часот, по 39 пат ја организираат изложбата СТУДЕНТСКА ГРАФИКА – ДРАГУТИН АВРАМОВСКИ – ГУТЕ. На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во…












