Со 30 посто публика и посебни протоколи започнува новата сезона во Филхармонија
— 27 август, 2020Филхармонија соопшти дека по пауза од неколку месеци ќе почне со реализација на своите концерти. Првиот концерт со кој се отвора новата сезона 2020-2021 е на 3 септември (в четврток) со почеток во 20 часот. На програмата е ремек-делото за два гласа и оркестар „Песни за земјата“ од Густав Малер.
Диригент е Габриел Бебешелеа (Романија), а солисти се Корби Велч – тенор (САД) и Хajке Веселс – мецосопран (Германија). Концертот ќе се одвива според протоколите одобрени од Комисијата за заразни болести, а билетите ќе се продаваат во ограничен број онлајн на веб страната на Филхармонија. Билетите ќе се продаваат по цена од 800 денари.
За да се испочитуваат протоколите, капацитетот на салата ќе биде искористен само 30 отсто, публиката ќе седи на дистанца, а ќе се продаваат само парните редови во салата. Музичарите кои ќе свират исто така ќе бидат распоредени согласно параметрите кои ги налага Комисијата за заразни болести.
Повеќе информации околу програмата, околу протоколите според кои ќе се одвиваат концертите и другите новини врзани со престојната сезона од Филхармонија најавуваат на 1 септември.
Автор:
Слични статии
-
-
„Мастерклас со Лајовиц“ вечер во Македонска филхармонија
5 ноември, 2021 -
-
Концерт на Македонска филхармонија „Бетовен: Редефиниција“
25 февруари, 2021
Последни статии
-
Познатиот австриски режисер Улрих Зајдл е лауреат на „Киненова, фестивал кој се отвора утре со „Јон Вардар против галакцијата“ на Гоце Цветановски
— 14 октомври, 2024Австрискиот режисер Улрих Зајдл е годинешен добитник на Наградата за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“. -Со нас денеска е еден од најинтересните филмски автори, сценарист, режисер и продуцент, Улрих Зајдл од Австрија. Режисерот кој уште пред да го побуди вниманието во 2001 година со „Тегобни денови“, го побуди вниманието и пред тоа на…
-
„Што е прво? Филмот или приказната“ е мотото на 9. МФФ „Киненова“
— 7 октомври, 2024МФФ „Киненова“ ќе се одржи по деветти пат од 15 до 20 октомври, со македонскиот долгометражен анимиран филм на Гоце Цветановски „Јон Вардар против Галаксијата“. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал истата претставувајќи го овогодинешниот фестивалски слоган: Што е прво? Филмот или приказната? Огромна благодарност за целиот визуелен идентитет на овогодинешното издание на…
-
45. ИФФК „Браќа Манаки“: Иднината на фестивалот зависи од она што ќе им го пренесеме на младите
— 1 октомври, 2024На годинешното 45 издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, најстар фестивал и еден од трите фестивали во светот посветен на кинематограферите, кој се одржа од 21 до 27 во Битола, главната награда „Златна камера 300“ му припадна на германскиот филм „Наставничка канцеларија“ односно на кинематограферката Џудит Кауфман. Секако, одличен филм, безвременски, што…
-
Вечерва почнува 45. издание на ИФФК „Браќа Манаки“
— 21 септември, 2024Вечерва започнува 45. издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Во Центарот за култура, свечената церемонија ќе започне во 19:45, со проекција на Канскиот хит „Партенопе“ под режија на Паоло Сорентино. Филмот е во официјалната селекција КАМЕРА 300. Годинашен добитник на наградата Златна камера 300 за животно дело е францускиот кинематографер Бруно…
-
„ПРО-ЗА Балкан“ со Борис Дежуловиќ, Рене Карабаш и Ѕвездан Георгиевски вечерва во Даут Пашиниот амам
— 15 септември, 2024Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ ќе биде отворен вечерва, (недела, 15 септември) во 20 часот во Даут-пашиниот амам во Скопје. Врвни автори од регионот како Борис Дежуловиќ од Хрватска, лауреатот на наградата „Прозарт“ за 2024 година, Владимир Пиштало од Србија, Рене Карабаш од Бугарија, како и домашни автори се гости на фестивалот, што ќе трае…
-
Работилницата „Козметички третман на велосипед“ како најава за почеток на Недела на дизајн во Скопје
— 13 септември, 2024На 14. септември во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во 11 часот ќе се одржи работилницата „Козметички третман на велосипед“ која всушност го најавува фестивалот за дизајн Skopje Design Week. Работилницата или козметичкиот третман на велосипед е бесплатна за сите, а за третманот ќе се погрижат тату артистите: Ертунч Сали, Сања Симоска и…
-
ДПМ во понеделник ќе ги додели традиционалните годишни награди
— 13 септември, 2024Друштвото на писатели на Македонија соопшти дека во понеделник ќе бидат доделени традиционалните годишни награди на ДПМ. Во понеделник, во 11:00 часот, во просториите на Друштвото на писателите на Македонија ќе бидат прогласени добитниците на традиционалните годишни награди на ДПМ за 2023 година, чијшто конкурс минатата година беше одложен поради случувањата во Друштвото, односно долгата…
-
Изложба на водечките современи уметници Дан и Лиа Пержовски во МСУ
— 13 септември, 2024Дан и Лиа Пержовски, кои ги исцртуваат ѕидовите на МоМА Њујорк, Тејт Модерн во Лондон, Центарот Помпиду-Бобур во Париз, ВанАбе Музејот во Ајндховен… ќе имаат самостојна изложба во Музејот на современата уметност – Скопје. Ова е исклучително ретка можност во Скопје да присуствуваат светски познати уметници, кои ги поместуваат границите на современите уметнички практики денес….