Култура

ИФФК „Браќа Манаки“ годинава ќе се одбележи само со еден централен настан во Битола и неколку онлајн активности

Поради пандемија, ИФФК „Браќа Манаки“ нема да се одржи како фестивалско издание, туку ќе се одбележи со еден централен настан во Битола и неколку онлајн активности.

Игор Иванов, претседател на ДФРМ, рече дека е непримерно да се пуштаат филмови онлајн и да се оценува уметноста на филмската камера, а исто така, во овие услови фестивалот е невозможно да биде прослава и славење на филмската уметност, кога филмаџиите не можат да се собират во Битола.

„Златна Камера“ 300 за животен опус ја доби полско – американскиот кинематографер Јануш Каминск

 

Директорката Теодосиевска рече дека 41-то издание на ИФФК “Браќа Манаки“ ќе се одбележи со доделување на највисоките награди „Златна Камера“ 300 за животен опус и „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на ДФРМ. На централниот настан во Битола ќе се обратат покровителот на фестивалот, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, претседателот на ДФРМ, Игор Иванов Изи. Со видео порака ќе се обратат и претседателот на ИМАГО, Кеес ван Острум и лауреатот на Златната камера 300, Јануш Камински. Исто така, Македонската телевизија ќе прикаже по еден филм од добитниците на наградите. Ќе бидат прганизирани и две онлајн работилници со добитниците на наградите и со членовите на ИМАГО, меѓународната асоцијација, во која членува и ДФРМ. 

„Ковид- 19 не’ затекна сите и сите ги живееме поседиците од оваа катастрофа, така е и со фестивалот „Браќа Манаки“.  Фестивалот е основен приоритет на Друштвото на филмски работници и Управниот одбор оджа седум состаноци низ кои ја следевме состојбата кај нас, и уште повеќе во светот со нашата фела и со останатите фестивали од висока категорија, бидејќи „Манаки“ е изграден по урнек на фестивалите од А категорија и оттаму главно ја црпи и својата програма. Кан оптимистично најавуваше дека ќе се случи фестивалот, но тоа на крај не се случи. Карлови Вари и Локарно целосно ги откажаа своите фестивалски изданија. Имајќи ја предвид спецификата и естетскиот профил на нивните програми тие фестивали од кои „Браќа Манаки“ ја црпи и својата програма. Размислувавме дали добиените пари од државата да ги потрошиме за некаква онлајн верзија како што тоа го прават некои помали фестивали, без притоа да имаме собирање и проекции во Битола или да го откажеме и да направиме едно скромно обележување“рече Игор Иванов Изи.

„Земајќи ги предвид сите овие околности и следејќи ги искуствата на европските и светските фестивали, во консултација со нашите членови, на Собранието на Друштвото, се донесе одлука Фестивалот да не се одржи во својата традиционална форма, туку да биде одбележан во Битола на 19 септември. Ова беше тешка одлука. Времето ќе покаже дали сме биле во право. ДФРМ смета дека примарно државата треба да троши пари за продукција на филм, дека во овие услови на десеткувани буџети, поважно е да се снима отколку да се дава пари за онлајн фестивал“, рече Иванов..

„Се надеваме дека на овој начин ќе одадеме почит на сите оние пред нас што направиле за овој најстар и најзначаен фестивал. ДФРМ и јас се согласивме дека не доаѓа предвид на интернет да се прикаже компетитивна селекција заради фактот што не е професионално да се оценува креацијата на кинеамтограферите со следење на филм на компјутер. За да се оцени визуелната структура на овие филмски уметници на кои им е посветен овој фестивал потребно е големото платно и пријатниот кино мрак. Овој фестивал е специфичен по својата суштина, ИФФК „Браќа Манаки“ е основан токму заради вреднувањето на работата на филмските работници, токму на оние кои со својата камера го исполнуваат тоа филмско платно“, рече Гена Теодосиевска, директорка на „Браќа Манаки“.

Годинашен добитник на наградата на ДФРМ, „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ е режисерот Столе Попов

 

Таа најави динамична веб страница на фестивалот, како и жива активност на социјалните мрежи.

Годинашен добитник на наградата на Друштвото на филмски работници на Македонија „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ е режисерот Столе Попов.

„На листата на досегашните добитници несомнено недостасува ова големо име на македонскиот филм, кое беше изгласано од страна на Управниот одбор на ДФРМ, како човек кој треба да ја добие оваа награда без никакви оспорувања на естетската величина и историската вредност на неговото дело. Покрај документарните филмови кои освојуваа награди на значајните филмски фестивали во поранешна Југославија, Столе Попов сними легендарни играни филмови , од „Црвениот коњ“, преку „Среќан нова 49“ и „Тетовирање“, тоа се филмови чии реплики се’ уште се цитираат во градскиот живот и меѓу народот, станувајќи еден вид поговорки, екстремно популарни во своето време, ги полнеа кино салите. Потоа следуваат „Џипси Меџик“ и последниот филм „До балчак“. Столе Попов е првиот професор по филмска режија во Македонија и е основач на катедрата за филмска режија на ФДУ во Скопје. Исто така, има значаен придонес во сферата на репортажата, учествувал на голем број фестивали, има добиено значајни признаије , меѓу кои најмногу блеска „Дае“ и номинацијата зза Оскар за најдобар краткометражен филм кога таа 1979 година успева да се пласира меѓу петте најдобри филмови во светот“, рече Иванов.

Највисоката фестивалска награда „Златна Камера“ 300 за животен опус ја доби полско – американскиот кинематографер Јануш Камински, кој е и најмлад досегашен добитник на оваа нагррада на фестивалот „Браќа Манаки“.

Директорката Теодосиевска соопшти дека Камински бил почестен со оваа награда, дополнително и заради тоа што добро го познава делото на браќата Манаки. Тој изразил благодарност и желба идната година да ја посети Битола и фестивалот.

Светската слава Камински ја стекнува во креативната соработка како тандем партнер на водечкиот американски режисер Стивен Спилберг, за чии филмови има освоено 2 Оскара: ШИНДЛЕРОВАТА ЛИСТА/SCHINDLER’s LIST (1994) и СПАСУВАЈЌИ ГО ВОЈНИКОТ РАЈАН/SAVING PRIVATE RYAN (1999), а фактички е кинематографер на негови 7 филмови кои биле номинирани за Oскари за најдобри филмови, меѓу кои се и: МИНХЕН (2002), МОСТ НА ШПИОНИ/BRIDGE OF SPIES (2015), ВЕСНИКОТ ВАШИНГТОН ПОСТ/THE POST (2017), плус трите номинации за Оскари како кинематографер за филмовите: БРОДОТ СО РОБОВИ АМИСТАД/AMISTAD (1998), ЛИНКОЛН/LINCOLN (2013) и ВОЕНИОТ КОЊ/WAR HORSE (2012), a четвртата номинација му е за филмот ПОТОНАТОТО SВОНО И ПЕПЕРУТКАТА/THE DIVING BELL AND THE BUTTERFLY (2008), но во режија на Џулијан Шнабел/Julian Schnabel. Двата освоени Оскара и 4 Оскар Номинации се доволно сведоштво за високата кинематограферска класа на Камински, а фактички тоа е збогатено со уште 36 други светски награди и 67 номинации, така што нашата Златна камера 300 само симболично го заокружува неговиот досегашен голем опус“.

 

 

Автор:

Слични статии