Култура

Изложба „Trapped“ во МКЦ

Во Галеријата на МКЦ, на 28 ноември (четврток) со почеток од 20 часот  ќе се отвори самостојната изложба на Кристина Божурска насловена „Trapped“. Кристина Божурска дипломира сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2008 година, на Инститот за педагогија во Скопје ги завршува педагошко-психолошките доквалификации, a  во 2017 магистрира на Институтот за културолошки студии, Скопје, со фокус на социјална уметничка пракса. Во своите дела користи мноштво техники и материјали, вклучувајќи готови предмети, сликарство, цртеж, текст и видео. Суштина на нејзината практика е социо-политичкиот контекст на денешнината, каде што преку изборот на материјали и визуелни референци директно ги коментира и ги прави видливи проблемите од локалниот наратив. Имала самостојни изложби во Бјаред, Шведска; Скопје, Берлин и Куманово и учествува на бројни групни изложби и видеофестивали во земјата и странство. Остварила студиски престој во ISCP New York и добива стипендија за учество во работилницата Arte Utile на Тања Бругера, на Летната Уметничка Академија во Салзбург во 2013. Има освоено неколку награди: Универзитетска награда за најдобро дипломиран студент (2007/2008), Најдобро видео во категоријата “Нано минута” на Меѓународниот видеофестивал во Бразил (2008); (YVAA) “Денес”, наградата за млад уметник за 2010 година и  BuzArt  награда на уметничката резиденција “Togetherness” во Тирана, доделена од Швајцарски фонд за култура во Албанија и галерија Кало. Во моментов предава ликовна уметност во Интернационалното Училиште QSI, Скопје.

Автор:

Слични статии