Култура

Музејот на современата уметност во Скопје домаќин на МОМус од Солун

Музејот на современата уметност во Скопје, за првпат во историјата е домаќин на Музејот на современа уметност „МОМус“ од Солун, соседна Република Грција. 

Изложбата „Дали сум јас тоа име или таа слика?“ (Am I That Name or That Image?) се отвора утре во МСУ, со почеток во 20 часот, со дела од колекцијата на солунскиот Музеј на современа уметност – МОМус од соседна Република Грција. Ова е историски чин за двете земји и прв ваков исчекор, МОМус од Солун да изложи значајни дела од својата разнолика и богата колекција во МСУ – Скопје. Колаборацијата меѓу двата музеи не претставува само културна размена, туку ја степенува важноста и за поширока билатерална соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Грција и е од огромно значење за двете земји. Ова е прво претставување на солунскиот Музеј на современа уметност пред македонската публика со дела од нивната колекција.

Во МСУ ќе бидат изложени дела од 16 автори меѓу кои: Fillipo Berta, James Bridle, Fenia Kotsopoulou, Kuriaki Goni, Vladan Jeremic и Rena Radle, Majida Khttari, Marianna Ignataki, Oleg Mavrommati и Boryana Rossa, Virginia Mastrogiannaki, Eleni Mylonas, Natasha Papadopoulou, Marilou Poncin, Vivy Tsioga, Ira Valdron, Evangelia Basdekis, Alexandros Plomaritis…

Паралелно со главната програма на 28-ми септември предвидена е серија перформанси на уметниците Tomas Diafas, Alexandros Plomaritis и колективот I Broke the Vase – Eva Matsigkou i Nefeli Sani.
Во Скопје пристигнуваат: кураторката на изложбата Сираго Цијара, нејзините асистенти Домна Гунари и Ерини Папаконстантину. Понатаму, член и претседател на Управниот одбор на музејот, Андреас Такис и директорката на MOMus, Мариа Цацаноглу. Покрај кураторскиот тим пристигнуваат и дел од уметниците како: Alexandros Plomaritis, Tomas Diafas, Eva Matsigkou, Nefeli Sani, Rena Radle и Vivy Tsioga.

Слични статии