Изложба “Македонски стрип автори“ на која се претставени 27 македонски стрип автори
— 22 септември, 2019Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, во тек е изложбата на “Македонски стрип автори“, којашто ќе биде отворена до 25 септември.
Целта на настанот е промоција на македонската стрип култура и стрип автори од Р.С.Македонија од разни генерации а на истиот ќе бидат претставени следните автори:
- Јорданчо Давидовски, Предраг Ѓоргиовски, Mишко Хрдличка, Aндреј Ангелковиќ, Ѓорги Антевски, Елхида Елезовскa, Куманово, Љупчо Филипов, Миле Топуз, Диме Иванов-Димано, Ана Марија Стефаноска, Ангела Петрушевска, Јана Бутеска, Емилија и Стојче Тоциновски, Јана Илиевска, Тоде Блажевски, Александра Ристевски, Милан Милиќ, Мирко Бојаџиевски, Катерина Тери Николовска, Марија Стојановска, Скопје, Ване Трајков, Лазар Ангелков, Оливер Цветковски, Илко Стојановски, Васил Гаврилов, Велес, Александар Стеванов, Штип.
Инаку стрипот на овие простори беше многу популарен во периодот од 1970 – 90 г. но под влијание на други медиуми коишто како новина го преземаа просторот на визуелнaта јавна сцена ( видео артот, интернетот со видео содржини, стрипот во електронска форма и др.) печатениот стрип формат скоро и да исчезна од јавниот простор. Токму од тие причини и сакавме да го актуализираме стрипот презентирајќи дел од творештвото на нашите стрип автори. Изложбата насловена како “Изложба на македонски стрип-автори“ е во организација и координација на НУЦК “Трајко Прокопиев“ Куманово во соработка со Македонскиот стрип центар – Велес, и е дел од Годишната програма на Министерството за култура на Р.С. Македонија.
Стрип центар на Македонија со седиште во Велес е формиран во 2002 како продолжение на Здружението на љубители на стрип „Стрип арт“, формирано во 1995 година. Истиот има за цел да реализира неколку активности:
- заживување и афирмирање на македонскиот стрип низ разни средини и заедници како во, така и вон границите на нашата земја
- мегусебно организирање на стрип чинителите во Македонија ,
- афирмација и практична примена на можностите што ги дава стрипот во разни сфери на општеството
СЦМ Велес е организатор и иницијатор на повеке активности преку
а)Библиотечна дејност – со фонд од повеќе од 10000 стрип наслови
б) Издавачка дејност – досега се отпечатени 16 броја на стрип списанието „СТРИП АРТ“ и 25 броја на стрип магазинот КРЕАТОР, којашто е единствена постојана стрип публикација кај нас, а излегува од 2003 година
в) Изложбена дејност, групни, поединечни и наменски изложби во разни градови во Македонија и во странство
г) Едукативна дејност во чии рамки има одржано повеќе стрип работилници со учество на почетници и афирмирани цртачи.
д)Интернационална дејност, континуирано овозможување на контакти на македонските стрип автори со стрип чинители од други земји
ѓ)Застапувачка дејност пред државни институции,медиуми, јавност …со цел стекнување на подобри услови за делување на македонската стрип сцена.