Почина Питер Фонда
— 19 август, 2019Питер Фонда, познатиот американски глумец и режисер, почина во 79. година од животот од рак на белите дробови. Питер Фонда никогаш не ја достигна славата на неговиот татко Хенри и сестрата Џејн, но ќе остане запаметен по улогата во легендарниот филм „Голи во седло“ (Easy rider). Филмот од 1969 година го направи Фонда идол на хипи-движењето и херој на новиот Холивуд. Со екипа која ја сочинуваа и Денис Хопер и Џек Николсон, филмот уриваше рекорди во кино-салите.
Фонда имаше номинација за Оскар за најдобро сценарио за „Голи в седло“, а во 1997 имаше и номинација за Оскар за најдобар актер и доби Златен глобус за улогата во „Златото на Ули“. Беше добро позната фигура на контракултурното движење од 60-тите од минатиот век. Заработи номинација за Оскар за најдобро оригинално сценарио за „Изи Рајдер“, каде глуми со Денис Хопер.
Во 1998 година ја напиша автобиографската книга „Не му кажувај на тато“, а во 2011 година заедно со глумецот Тим Робинс беа продуценти на документарецот „The Big Fix“ во кој ја испитуваа улогата на Бритиш Петролеум во излевањето нафта во Мексиканскиот залив. Зад себе остави стотици други филмски остварувања. Неговиот последен филм- критика на политиката на американскиот претседател Доналд Трамп кон бегалците – треба да биде прикажан во текот на годинава.
Автор:
Слични статии
-
-
Почина познатиот хрватски писател Игор Мандиќ
14 март, 2022 -
ПОЧИНА ПИСАТЕЛОТ АКАДЕМИК ЛУАН СТАРОВА
25 февруари, 2022 -
Почина академик Радован Павловски, еден од најбрилијантните поети
23 февруари, 2022
Последни статии
-
Љутков: Посебен акцент во Стратегијата е ставен на младите и нивното активно учество во културниот живот
— 12 мај, 2026Во организација на Министерството за култура и туризам, вчера, во Музејот на македонската борба за самостојност се одржа јавна расправа по Предлог-текстот на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026–2030 година, на која министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ја истакна важноста на културата како двигател на општествениот, економскиот и демократскиот развој…
-
39. изложба „Студентска графика Драгутин Аврамовски Гуте“ денеска во Сули-ан
— 6 мај, 2026Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Катедрата за графика и трансмедиумски практики и Фондацијата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, во Сули Ан во 19:30 часот, по 39 пат ја организираат изложбата СТУДЕНТСКА ГРАФИКА – ДРАГУТИН АВРАМОВСКИ – ГУТЕ. На отворањето на изложбата ќе биде доделена наградата за најуспешно графичко дело реализирано во…
-
Националниот џез оркестар на 5 мај во Брисел на Денови на македонска култура
— 4 мај, 2026Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ која се одржува во Белгија, Националниот џез оркестар ќе настапи на 5 мај во престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, со својата програма „Македонски сновиденија“. „Macedonian Dreams“ („Македонски сновиденија“) е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска музичка приказна која Националниот џез оркестар со…
-
Во петок, 8 мај, ќе се отвори Македонскиот национален павилјон во Венеција
— 4 мај, 2026Во Венеција пристигна уметничкиот тим што ќе ја претставува Македонија на 61. Биенале за уметност. Венециското биенале, веќе 130 години е една од најпрестижните културни институции во светот. Првата Меѓународна уметничка изложба била организирана во 1895 година. Отворањето на Македонскиот национален павилјон е закажано за петок, 8 мај, во 18.30 часот, каде ќе биде изложен…
-
Со балетот „Лебедово езеро“ во изведба на Националната опера и балет почнуваат „Деновите на македонската култура“ во Белгија
— 2 мај, 2026Со балетската класика „Лебедово езеро“ во изведба на НУ Национална опера и балет во Антверпен, денес свечено започнуваат „Деновите на македонската култура“ во Белгија , престижна манифестација што ја претставува македонската уметност во нејзиното најрепрезентативно и најсјајно издание пред европската публика. Националната опера и балет настапува со едно од највеличествените дела на класичниот репертоар, потврдувајќи…
-
Промоција на наградениот филм „Малдорор“ се заокружува со три проекции во Кинотека
— 7 април, 2026Промоцијата и дистрибуцијата на филмот „Малдорор“ од Фабриц ди Велц кој се прикажуваше изминатиов период во кинатата низ регионот, во Македонија го заокружуваме со три проекции (7, 8 и 9 април) во Кинотека. Филмот ја освои наградата на публиката на Јадранската мрежата на фестивали (Adriatic Audience Award), која беше доделена на 31. издание на Фестивалот на…
-
Почна снимањето на новиот филм на Небојша Јовановиќ
— 31 март, 2026Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен наслов „И Божана сака чоколадо“, копродукција меѓу Македонија, Србија и Молдавија, работен по сценарио на Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ. -Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за…
-
Промоција на „Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски
— 24 март, 2026Во бистрото „Комедија“ во Скопје, утре на 25 март, со почеток во 18 часот, ќе се одржи промоција на романот „Страв од чекорење“, од Ѕвездан Георгиевски. Книгата е во издание на „Бегемот“, 2025 година. Промотор на романот ќе биде Војо Љ. Цветановски, пантомимичарски етиди ќе изведе Дарко Вељиќ, делови од романот ќе чита Енџи Николоска,…












