Култура

Омаж на Швеѓанецот Јохан Мелин во Кинотека

Во Кинотеката на Македонија, почнувајќи од 26 јуни, ќе се одржи омаж на Јохан Мелин, шведски писател и филмски режисер. Својата кариера ја започнува на 6 годишна возраст, кога го снимил нискобуџетниот филм „Боби Неро“. Работел како новинар шест години, но љубовта за филмот и киното биле поголеми. Се преселува во Стокхолм и учи во „Стокхолм филм скул“ каде што ја создаде стокхолмската трилогијата СТХЛМ, зборувајќи за изгубената машка осаменост. Кога имаше само 21 година го сними својот прв долгометражен филм, „Смолтаун“, автобиографија за панкерскиот живот во родниот град Харијунга. Потоа следува преселбата во Копенхаген и студирањето режија на Националната филмска школа и дипломира со филмот „Степски волци“. Работи како сценарист за Холивуд, Данска, Шведска и за Русија.

 Јохан Мелин започна да доаѓа во Македонија пред 11 години по спријателувањето со Дејан Дуковски со кого соработува на новиот филмски проект „Парите се отепувачка“. Живее со својата сопруга во Скопје.

Омажот почнува на 26 јуни со проекција на „Кучето гледа“ од 1999 година, лажен документарец за животот на фашистичките чувари што тајно сонуваат да бидат полицајци. На програмата се: „Под нулата“, студентски филм за Националната филмска школа на Данска, „Степски волци“ (2005), „Мин Орт – љубовна приказна“, „Родион Расколников“ (2013) – немa филмска адаптација на „Злосторство и казна“ на Достоевски, „Мало гратче“ (2003), дебитантски и автобиографски филм што Мелин го снимил на 21 година со мал буџет, пред да се пресели во Копенхаген, каде што ќе ги започне филмските студии.

Ќе бидат прикажани и „Осветлување“, психоделична драма за љубовта и смртта, „Прелудиум“, прв наративен филм снимен во еден кадар, „Пророштво“ и „Мин Орт – ова е Шведска“ – вториот филм од „Гетеборг проџект Мин Орт“.

Слични статии