
Три романи во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“
— 12 март, 2019Жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2018 година, во состав: Фросина Пармаковска (претседател), Богомил Ѓузел, Александар Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева, издвои три романи во најтесниот избор за оваа награда: „Страв од варвари“ од Петар Андоновски („Или-или“); „Маџун“ од Влада Урошевиќ („Магор“) и „Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова („Темплум“).
Насловот на наградениот роман ќе биде соопштен на прес-конференција на 15 март, во 12 часот, во Салонот 19,19 при Културно-информативниот центар во Скопје. Свеченото врачување на наградата се предвидува за 10 април, исто така во просториите на Културно-информативниот центар во Скопје. Наградата „Роман на годината“ се состои од плакета, статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 20-ти пат. Неа ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ во партнерство со Град Скопје и Културно-информативниот Центар од Скопје и со финансиска поддршка на Министерството за култура. Генерален спонзор на наградата е „Комерцијална банка“ АД. Фондацијата „Славко Јаневски“ ќе го соопшти годинашниот лауреат на 15 март.
Автор:
Слични статии
-
-
-
Роман на годината – извадоци од пристигнатите романи (4)
10 март, 2021 -
Последни статии
-
Врачена наградата за „Роман на годината“ на Влада Урошевиќ: Имаме што да му покажеме на светот
— 2 јуни, 2023Свеченото врачување на наградата „Славко Јаневски“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности синоќа во МСУ се одржа по 24 пат, а генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје. „Вистината но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од Владо Урошевиќ е „Роман…
-
Македонскиот бенд „21 Век“ на прво место на хрватската топ листа
— 1 јуни, 2023Македонската музичка група 21 Век е на прво место на хрватската топ листа наречена „Невидлива Топ Листа“ со послендиот сингл „Чекам ко Куче“. „Невидлива Топ Листа“ е организирана од страна на независниот музички портал RAVNO DO DNA. Се работи за уникатна колажна емисија која промовира нова регионална музика од независната сцена, како и вести и интервјуа…
-
Конкурсот на Агенцијата за филм за 2022 е оценет како нелегитимен и незаконски од страна на Транспаренси Интернешнл Македонија
— 27 мај, 2023Во Конкурсот за финансирање на проекти за 2022 година, Агенцијата за филм не обезбедила објективност и непристрасност кај сите учесници преку кои се спроведувал овој Конкурс, поради што биле исполнети услови истиот да биде оценет како нелегитимен и незаконски, оценува Транспаренси Интернешнл Македонија. Имено, во декември 2022 година, Транспаренси Интернешнл Македонија примила пријава од граѓанин…
-
Филмскиот проект „Генералот и пеперугата“ е селектиран на ФЕСТ во Еспињо, Португалија
— 27 мај, 2023Филмскиот проект „Генералот и пеперугата“ се најде меѓу 24 селектирани проекти од вкупно 225 пристигнати на ФЕСТ Пичинг форумот, кој ќе се одржи во рамките на 19-тото издание на ФЕСТ од 19-ти до 26-ти јуни 2023 година во Еспињо, Португалија. Сценариото е на Венко Андоновски и Антонио Митриќески и е работено според истоимениот роман на…
-
Почина Тина Тарнер, легендарната рокенрол пејачка
— 24 мај, 2023Тина Тарнер, американската рокенрол ѕвезда, по долго боледување почина денес, на 83-годишна возраст. Таа беше во лоша здравствена состојба во последниве години, при што во 2016 година и беше дијагностициран рак на цревата, а во 2017 година имаше трансплантација на бубрег. Тарнер го засили уделот на обоените пејачки во рокенролот, дефинирајќи ја таа ера на…
-
Во пресрет на новиот театарски израз
— 17 мај, 2023(Кон шестото издание на театарскиот фестивал Полис во Равена одржан од 2-7 мај 2023 година во Равена, Италија) Театарскиот феномен има само една иднина, а тоа е неговиот израз. Сценската уметност не разликува народи и места, таа разликува пораки и ставови, отвора нови начини на мислење и делува прагматично, но совршено импактно. Театарскиот фестивал Полис…
-
Благородната средба на историјата и книжевноста
— 15 мај, 2023Историјата има свое ехо и во сегашноста и во иднината. Книжевноста е духовната татковина на сите нас, но е и универзалното живеалиште во кое битствуваме сите: и оние што пишуваат и оние што читаат. Книжевната резиденција што секоја година ја организира Центарот за култура „Вук Караџиќ“ од Лозница е токму таков спој: на историјата и…
-
Со „Набуко“ вечерва се отвора 51. издание на Мајски оперски вечери
— 9 мај, 2023Со премиерната изведба на „Набуко“ од Џузепе Верди во Националната опера и балет во Скопје вечерва, на 9 мај, ќе биде отворено 51. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Фестивалскиот оган за време на свеченото отворање ќе го запали маестро Томислав Шопов и ќе следи премиерата на операта „Набуко“, а на 12 мај ќе…