Отворен е кастингот за гласови за „Јон Вардар против Галаксијата“
— 25 март, 2019Aнимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата “ во продукција на „Линкс студиото“ има потреба од гласови за своите јунаци во филмот. Затоа „Линкс“ студиото објави повик за кастинг за гласови на нивната официјална веб страна.
Долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ ја раскажува приказната за Јон Вардар, млад неталентиран актер кој е киднапиран од самобендисан робот со наполеонов комплекс по име Зарк. Судбината на целата галаксија е во рацете на овие два антихеројски лика. Нивната авантура е исполнета со многу смешни ситуации кои ќе и се допаднат и на помладата публика, но и на сите љубители на научната фантастика.
Сценариото и режијата се на Гоце Цветановски, а арт дирекцијата е на Михајло Димитриевски – Тхе Мичо.
„Прочитајте ги индикациите и објаснувањата за ликовите во текстот подолу и снимете ја вашата интерпретација на било каков аудио формат. Вашите апликации испратете ги на [email protected] со назнака „Кастинг Јон Вардар“. Доколку мејлот е потежок од 25 Mb, да се користи платформата www.wetransfer.com. Во името на фајлот задолжително да стои името на кандидатот“, стои во повикот, во кој се ставени за спуштање и текстовите од ликовите во филмот.
Автор:
Слични статии
Последни статии
-
Мирко Попов: „Мораме да се бориме за секој милиметар нормалност. Психички ни е неопходна таа борба. И музиката ни е неопходна.“
— 27 март, 2024Навикнат сум да живеам во комплетно недоразбирање со мнозинството. Порано мислев дека ако дадам сè од себе, во еден момент ќе се разбереме и ќе заживееме среќно и весело до крајот на животот. Тоа кога бев млад. Сега кога сум поискусен, кога можам да ги согледам дури и резултатите од сопствените залагања, јасно ми е…
-
Почина Слаѓана Милошевиќ иконата на новиот бран во поранешна Југославија
— 26 март, 2024На 69-годишна возраст почина Александра Слаѓана Милошевиќ, иконата на новиот музички бран во осумдесетите години во поранешна Југославија. Важеше за икона која ги рушеше сите табуа, а на пошироката јавност ѝ е најпозната по хит-нумерата „Принцеза“ која во 1984 година ја сними со Дадо Топиќ. Вистински бум направи со антологискиот хит и спот „Мики, Мики“…
-
Почина Томислав Петернек, легендарниот фотограф кој ги овековечи последиците од скопскиот земјотрес
— 24 март, 2024Познатиот српски фотограф Томислав Петернек почина на 91-годишна возраст во Белград. Тој беше носител на највисоките титули во професијата и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди, а неговите фотографии беа објавени во најзначајните светски весници, пренесува РТС. Томислав Петернек е роден 1933 година во Винковци, а со фотографија се занимава од 1954 година, пишува…
-
ПОЧИНА МИРКО ПОПОВ, ЕДЕН ОД ПИОНЕРИТЕ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА СЦЕНА ВО МАКЕДОНИЈА
— 24 март, 2024Денеска по кусо боледување почина еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти Мирко Попов. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите…
-
Лидија Димковска е добитничка на наградата Роман на годината за „Единствен матичен број“
— 15 март, 2024Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Објавувањето на добитникот на наградата се одржа денеска во кафе-книжарницата „Буква“, а за победникот одлучуваше жири-комисија составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо…
-
Пет романи во најтесен избор за наградата „Роман на годината“
— 11 март, 2024„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Сѐ уште можам нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“ од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа…
-
ВРЕДНОСТА НА СПОМЕНИТЕ И НЕДОРАЗБИРАЊЕТО
— 18 февруари, 2024(Кон претставата „Поткровје“, по драмскиот текст „Цена“ на Артур Милер во продукција и режија на Александар Ивановски во копродукција со Македонскиот народен театар од Скопје. Главни улоги: Томислав Давидовски, Хари Михајловски, Елена Кузманов, Горан Ников) Двоактната пиеса на Артур Милер е напишана во далечната 1967 година, веднаш по неговите големи пиеси со кои стекнува светска…
-
ОБЛАК ЧИСТА АКТЕРСКА ИГРА
— 13 февруари, 2024(Кон претставата „Бура и продор“ по концепт и режија на Теа Беговска, а во продукција на Интернационалниот театарски фестивал „Скупи“. Главни улоги: Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски, Дин Ибрахим) Најпознатата сентенца на Питер Брук во неговото капитално теоретско дело „Празен простор“ вели: „Можам да земам кој било празен простор…
1 Comment
Beloved Sir/ Madam,
We are excellent quality SMD Power Inductors Manufacturer as well as solution carrier in Hong Kong.
High consistence, Stringent QC, Leading CP ratio and Full assistance in application is our strength.
We comprehend that a person bad element destroys the entire product and your online reputation.
Select us to do away with economical and rubbish SMD Power Inductors from China!
Please call us at: [email protected]
Looking forward to your inquiries!
Best relates to,
Brian
HK Inductors LTD developed in 1997, we are focused on developing and also making high-performance inductors with the objective of supplying added-value item options to consumers in a wide range of markets.