Култура

Дуке Бојаџиев со два концерта во Македонската филхармонија

Македонскиот композитор, продуцент и пијанист Дуке Бојаџиев ќе одржи два концерта во Македонската филхармонија, утре, 11мај и утревечер на 12 мај, со почеток во 19,30 часот. 

На концертите со наслов, „Сон, верба, љубов“, Дуке Бојаџиев ќе настапи со тим на музичари:  Тијана Дапчевиќ којашто ќе ги пее хитовите, меѓу кои се од филмот „До Балчак“,  актерката Наташа Петровиќ  ќе рецитира тихови од Ана Бунтевска  ќе ќе пее, тука е и, кларинетистот Исмаил Лумановски, Костас Анастасиадис на тапани, Мартин Ѓаконовски на контрабас и стринг квартетот во состав: Владимир Крстев како виолина 1, Маја Ефремова Шеќерова виолина 2, Марко Виденовиќ на виола и Марија Михајловска на виолончело. На концертитеќе биде изведена негова авторска музика со нови нумери од албумското издаание „Сон, верба, љубов“ но и понови филмски нумери.

– На концертот ќе има повеќе филмски нумери, ќе прозвучи класична и џез музика и сето тоа зачинето со њујоршка инспирација – потенцираше  Бојаџиев.

На концертите премиерно ќе биде отсвирена темата „Катарина“ од филмот „Устав на Република Хрватска” на режисерот Рајко Грлиќ, во својата комплетна верзија, од која само дел беше користен во филмот.  Претпремиерно, пак, во аранжман специјално адаптиран за концертот, ќе биде изведена тема од новиот филм на култниот режисер Вељко Булајиќ,  кој ќе има своја премиера подоцна годинава.

Со двата концерта Бојаџиев го заокружува периодот од десет години. Дуке Бојазиев веќе 17 години живее и работи во Њујорк. Во неговата музичка кариера работел со многу музичари на различни проекти. Со Ангела Меклански работи веќе 14 години. Претежно работи  сценска музика музика за реклами, но најмногу работи на авторска музика, на свои проекти.  

Има дипломирано на Медицинскиот факултет во Скопје, а потоа на музичкиот колеџ „Беркли“ во Бостон. Низ неговата меѓународна кариера Дуке има креирано музика за многу филмови и соработувано со добитниците на Оскар Џонатан Деми и Данис Тановиќ, со артисти како Синди Лопер, настапувал на светски сцени како „Карнеги хол“ во Њујорк, „Авалон театар“ во Лос Анџелес.

Концертите во Скопје ќе почнат со нова музичка тема која тој специјално ја напишал за овој настап.

Слични статии