Култура

Самостојна изложба на Анкица Митровска

Во галеријата „Ко-Ра“ при Дом на градежници, утревечер (20 март – вторник) ќе биде отворена самостојна изложба на уметницата Анкица Митровска со наслов„ CAUTION: X.G.O.T.A.V.O.I.D.! -(exclusive grounds of the angsty vigilant observers in destruction) – Внимание :X.G.O.T.A.V.O.I.D.! (ексклузивен простор за вознемирено будните набљудувачи во деструкција). Изложбата ќе содржи ѕидна инсталација, цртежи направени со јаглен, видео проекција од авторката и серија на фотографии напавени со фотографката Хтет Т. Сан од Бурма.

Самата авторка за нејзината уметност вели дека е под влијание на германскиот експресионизам, надреалазам и уметноста на графити.  Таа создава андрогени, хуманоидни мутантни ликови полни со сарказам во различна форма, големина и функција. Ликовите се метафорични, со или без екстремитети, деформирани глави, големи очи, експресивни линии и композициски подредени. 

Мутантите се фатени во постојан циклус на принудна трансформација од сруктурите на моќ, нејасн им е што прават, во што ќе се претворат, во нешто против својта волја и надвор од нивната контрола. Тие се комбинација на социјалната и психолошката состојба, што ја претставува вознемиреноста на поединецот или колективот, но и трансформациите при отпорот или прифаќањето на општествените промени. 

Анкица Митровска е родена во Скопје, а во 2006 година заминува во САД  и ги завршува додипломските  студии при Универзитетот во Алабама. Во 2014 година магистрира на отсекот сликање/цртање на државниот Универзитет Wichita во Канзас. Таа живее во Македонија и во САД, кадешто  најчесто изложува, но нејзините дела се изложувани и во други земји. 

 

Слични статии