Свинска маст, путер и зејтин: што е за пржење а што не
— 30 април, 2017Пазарот е преплавен со најразлични видови на масла за јадење. Но, не сите се погодни за пржење или печење, бидејќи секое од нив има своја намена.
Кокосово масло
Ова масло долги години беше жигосано поради големото ниво на заситени масти. Новите истражувања покажаа дека нерафинираното кокосово масло може да го намали лошиот холестерол и да го зголеми добриот холестерол. Ова масло е најдобро да се користи за печење и пржење на високи температури.
Путер
Главно се додава за подобрување на вкусот при печење. Не е погоден за преливи и пржење на ниски температури.
Сончогледово масло
Ова е едно од најпопуларните масла за варење. Студии направени во 2015 година покажале дека користење на ова малсо за готвење создава опасно ниво на алдехид и тоа 20 пати повисоко од она што ја препишува Светската здравствена организација. Најдобро е ова масло да се користи како прелив. Никако не употребувајте го за пржење на високи температури.
Маслиново масло и ладно цедено маслиново масло
Монозаситените масни киселини кои се наоѓаат во ова масло го намалуваат нивото на лошиот, а го зголемуваат нивото на добриот холестерол, коешто поволно влијае на здравјето на срцето. Може да се користи за варење и за преливи, но не и за пржење на високи температури. Ладно цедено маслиново масло не треба да се загрева, такашто смее да се користи само за преливи.
Растително масло
Главно се користи за варење, но се избегнуваат високи температури. Поради неутралниот вкус, претставува добра основа за многу јадења.
Свинска маст
Неправедно запоставена, а сепак многу добра за пржење и печење на високи температури. За варење не се препорачува.
Масло од сусам
До колку сте љубители на азиска кујна, ова е вистинско масло за вас. Се употребува како прелив поради богатиот вкус.