Култура

Големата љубов е сега или никогаш

Фредерик Бегбеде е роден на 21 септември 1965 г. во Њој сјур Сен. Во 1990 г. го објавува својот прв роман „Мемоари на еден откачен младич“, следниот роман „Одморање во кома излегува во 1994 година, потоа следи „Љубовта трае три години“ во 1997 година со што  го завршува циклусот за херојот Марк Мароние.

Со својот карактер кој на прв поглед изгледа безгрижен, Фредерик Бегбеде изнесува доста горчливи вистини за животот на модерниот човек во големиот град. Овој француски писател го споделува своето размислување за заедничкиот возможен и невозможен живот на мажот и жената во едно општество каде љубовта има ограничен рок на траење исто како мобилните телефони, колите и машините за перење алишта. Ви претставуваме 10 цитати од авторот на „Љубовта трае три години“:

  • „Кога човек е во лоша ситуација, си мисли дека парите можат да поправат сè. Но кога си богат, не можеш да кажеш дека сè ќе се среди со уште една спортска кола, чифт скапи обувки или ако преспиеш со уште една манекенка. Кога си богат, немаш никакво оправдување. Затоа и сите милионери постојано се под антидепресиви: тие веќе не се во состојба да натераат никого да мечтае, дури ниту самите себеси.“
  • „Од раѓањето до смртта животот ни е вклучен на автопилот и потребна ти е нечовечка смелост за да го промениш курсот. На 20 години бев убеден дека знам сè за животот. На 30 години сфатив дека не знам ништо. Поминав десет години во учење на сето она што подоцна морав да го искоренам бидејќи погрешно сум научил.“
  •  „Животот е збир од сцени кои се одигруваат меѓу исти кулиси, со речиси исти актери и чија наредна епизода, која ја очекуваш со нетрпение, всушност ја краси некој глупав крај.“
  •  „Каква е разликата меѓу тоа да сакаш и да се преправаш дека сакаш во моменти кога успеваш да се излажеш самиот себе?“
  • „Задоволството има предност: за разлика од среќата – тоа постои.“
  • „Да заминеш – тоа е еден збор кој многу ретко се остварува на дело. Зборовите не се за мечтаење, туку тие се живеат.“
  • „Во животот има само една голема љубов, сите пред неа се подготвителна етапа, а сите после неа – обид за враќање на изгубеното; големата љубов е сега или никогаш.“
  • „Немаме право да бегаме од среќата. Повеќето луѓе ја немаат нашата среќа. Кога им е пријатно на луѓето додека се заедно, тие не се вљубуваат. Кога се вљубени – ним им е здодевно во креветот. Или пак кога се добри в кревет, после тоа нема што да си кажат. Ние имаме сè, освен што немаме ништо, бидејќи не сме заедно.“
  • „Најпрекрасните празници се оние кои се случуваат внатре во нас.“
  • „Човек треба да се одлучи: или да живее со еден човек или да мечтае по него. Не може да мечтае за нешто што го има.“

 

Автор:

Слични статии