Култура

Солени стапчиња

  • 260 грама брашно
  • 220 грама путер или маргарин (омекнат)
  • 220 грама сирење (ситно издробено)
  • 1 јајце
  • 1 лажичка сол (доколку сирењето е несолено)
  • 1 јајце (за премачкување)
  • малку сусам, ким, крупна сол (за наросување)

Замесете го тестото со маргарин, сирење, брашно, печиво и посолете по вкус.  Добро измесеното тесто оставете го во фрижидер да отстои 20 минути.  Тестото расукајте го во кора со дебелина од околу 1 см, премачкајте го со цело јајце или само со белка, наросете ги со сусам или ким или со крупна сол. Сечете ленти широки 1 см. и виткајте ги во облик на спирала. Стапчињата печете ги во рерна додека малку да заруменат, околу 10-15 минути на 180 степени

Слични статии