Култура

Посни обланди со локум

  • 4 поголеми обланди
  •  500 гр шеќер
  • 750 гр локум
  • 1 лимон
  • 1 портокал
  • 230 гр мелени ореви

Начин на приготвување

Се вари 500 гр шеќер со малку вода како за слатко и му се додава ситно сецкан локум. Се трга од оган и се меша дури не се стопи локумот. Во оваа смеса се додава рендана кора од лимон и портокал и мелените ореви. Убаво се меша да се изедначи масата па со неа се филуваат обландите, додека е топла масата. Се остава да се излади и стегне, па се сече на коцки и се служи со кафе или некој друг пијалак.

Автор:

Слични статии