Култура

Посна „маѓарица“

Колачот многу потсетува на жарбо коцки, но е многу поефтин и е со  поинаков вкус. Најпосле еве еден рецепт за деновите кога се пости.

Кори:

  • 600 грама брашно
  • 140 грама путер
  • 170-160 грама шеќер
  • 1 прашок за печиво
  • 12 лажици соино или бадемово млеко

Сите состојки се замесуваат и потоа тестото се дели на 5 еднакви дела. Секој дел се расукува што е можно да биде потенок во правоаголна форма. Секоја кора се пече посебно, неколку минути, кога ќе се испече кората не треба да биде темна. Се печат на 200 степени најдобро на хартија за печење

Крем:

  • 35 мл. соино или бадемово млеко
  • 3 полни супени лажици брашно
  • 100 грама чоколадо
  • рум за слатки
  • 130 грама путер

Подготовка:

Во половина од млекото го ставаме брашното и го мешаме. Втората половина од млекото го ставаме на оган да зоврие и веднаш го ставаме ладното млеко со разматеното брашно. Добро мешаме за да биде без грутки. Кога ќе се излади го дофаваме путерот и чоколадата и сето тоа го мешаме да се соедини. Секоја кора во тенок лсој се премачкува со подготвениот крем а најгоре се премачкува со глазура.

Глазура:

  • 60 грама чоколада за готвење
  • 1 лажица маргарин
  • 50 мл соино или бадемово млеко

Автор:

Слични статии