Култура

Функционална маса во кујната!

Од кога постои светот, луѓето се собираат околу огништето. И денес, готвењето на храната во кујната го зближува семејството.

Дизајнерот Мај Кукула, креираше нова генерација на “острва” во кујната. Тој истражуваше повеќе начини, како да искреира најдобри флексибилни и креативни работни површини – и така, германскиот дизајнер го создаде OIKOS, функционалното “острво”.

Станува збор за место на кое можете да готвите, да се дружите, јадете, секако и расправате…а потоа може лесно да се користи како работна маса.

Масата во себе содржи плоча за готвење и безброј прегради за намирници, најразлични масла, зачини или есцајг.

OIKOS е направен од црна пластифицирана рамка со дабова површина. Секој дел доаѓа посебно, така да транспортот на ова острво е исклучително едноставно.

 

Извор:DivianArts

Автор:

Слични статии