Култура

МКЦ: Уште 2 недели трае конкурсот за постер на фестивалот на нова музика „ЗДРАВО МЛАДИ“

Младинскиот културен центар, МКЦ, известува сите оние кои сакаат да конкурираат со свое дело на конкурсот за дизајн на постер за единаесетото издание на фестивалот „ЗДРАВО МЛАДИ 2021!“, дека остануваат уште две недели до крајот на овој конкурс.  

Сите заинтересирани своите идеи можат да ги испратат на [email protected] со наслов „и јас сум ЗДРАВО МЛАДИ 2021“ најдоцна до 14 февруари 2021 година. МКЦ ќе ги награди најдобрите три дизајни со парична награда. Паричната награда за прво место изнесува 12.000 денари, за второ место 5.000 денари и за трето место 3.000 денари.

Во изминатите десет години, на визуелниот облик на фестивалот, дизајнот го изработија исклучително талентирани дизајнери, соопштија од МКЦ. За првите четири изданија на  „ЗДРАВО МЛАДИ“, авторот на дизајнот беше арт-директорот Иван Петрушевски – Флим. За петтото и шестото издание на „ЗДРАВО МЛАДИ“ дизајнот беше на Дарко Кујунџиќ од Загреб, додека седмиот „ЗДРАВО МЛАДИ“ го уреди Кристина Горовска. Ликот на осмото издание на фестивалот му го даде Ѓорѓи Јаневски, а 9-тото и 10-тото издание го потпишаа другарите од „fabricca“. 

Сите примени дизајни ќе бидат дел од групна изложба, која ќе се реализира во рамки на единаесетото издание на „ЗДРАВО МЛАДИ“ закажано за 26 и 27 август 2021 во и околу МКЦ.

Автор:

Слични статии