Култура

Скулптурата на Башевски меѓу 10 најдобри фотографии според „Гардијан“

Меѓу 10 најинтересни фотографии во моментов во светот е и фотографијата со делото “Обичен човек”од изложбата “50 години хипереалистичка скулптура” на Жарко Башевски во Мексико. Изборот на најдобрите фотомоменти на денот од целиот свет е на  уредниците на фотографија на престижниот британски весник „Гардијан“.

basev

Посетител гледа во “Обичниот човек”, дело на македонскиот уметник Жарко Башески, на изложбата Fifty Years of Hyper-realistic Sculpture exhibition – Monterrey, Mexico. Фотографот е  Julio Cesar

Фотографијата прикажува дел од изложбата „50 години хиперреалистична скулптура“, отворена во Музејот на современа уметност во Монтереј во Мексико, на која со свое дело се претставува и Башески. Скулптурата е дел од циклусот „Обичен човек“. Интересот во неговото творештво е свртен кон човекот, па оттаму и интересот за хиперреалистичниот приод во обликувањето на концептот на делото, кој во идејната проекција го надминува и хиперреализмот и говори за животот и за реалноста во која живееме.

Автор:

Слични статии