Култура

Античките уметници, следејќи го Александар Македонски, стигнале во Кина 1500 години пред Марко Поло

Античките грчки уметници, можно е да патувале во Кина 1.500 години порано пред историската посета на Марко Поло на исток со што помогнале во изработката на познатата   теракотна армија, објавува Independent.

Ова тврдење се базира на два клучни докази: откриената европска ДНК на локалитетот во кинеската провинција Ксинџијанг од времето на Првиот император, во третиот век пред нашата ера и ненадејна појава на статуи во природна големина.  Пред тоа фигурите биле изработувани со големина од 20 см. Но, сега се работи за пронајдени 8.000 извонредни теракотни фигури, закопани во близина на масивната гробница на Првиот император Чин Ши Хуанг, кој ја обединил земјата во 221 пред нашата ера.

Теоријата, како што се наведува во документарниот филм на ББС, „Најголемата гробница на земјата: Тајни на Античката Кина“, што ќе биде прикажан оваа недека, е дека Ши Хуанг и кинеските уметници може да биле под влијание на доаѓањето на античките грчки уметници во централна Азија, следејќи го Александар Македонски, кој ја предводел војската во Индија.

Но, научниците, исто така шпекулираат дека уметниците биле присутни кога биле правени војниците на теракотната армија.

Професорот Лукас Никел, претседател на Азиска уметност и историја на Универзитетот во Виена, кој е член на тимот, изјавил: “Претпоставувам дека грчки вајари биле на местото и вршеле обука на локалното население.”

Пронаоѓањето на голем број на исклучителни бронзени фигури на птици што биле ископани близу гробницата укаживаат на врската со античка Грција, пренесува Independent. Тие се направени во висока техника позната во античка Грција и Египет.

Кинеските археолози веруваат дека најверојатно токму античките Грци ги обучувале локалните мајстори и скулптори во третиот век пред нашата ера, при планирањето и изработката на „воините“. Истражувачот Марко Поло патувал во Кина во 13 век и досега и на Западот и на Истокот се веруваше дека тој е првиот Европеец што стигнал до Далечниот Исток.

-Сега имаме докази дека постоеле блиски контакти помеѓу Кина и Западот уште пред формалното отворање на Патот на свилата во времето на првиот кинески император, изјави експертот по арјеологија во Империјалниот музеј, Ли Ксиуцен.

Според кинеските научници тоа покажува дека најверојатно луѓето од Западот се населиле и живееле во тој дел од денешната кинеска територија во времето пред императорот Кин Ши Хуанг. Фигурите на војници изработени во теракота, беа откриени од локални селани во 1974 година, на локација оддалечена само 1,5 километри од гробот на императорот Ши Хуанг.

 

Автор:

Слични статии