Култура

Земји кои бележат економски раст од туризмот

Меѓу најдобрите 10 земји во светот кои работат на заштитата на природата за развивање на туризмот не е нашата земја. Швајцарија e водечка земја во светот кога станува збор за заштитата на природата во интерес на патувања и туризам, според Извештајот на Светскиот економски форум за 2015 година. Земјите коишто се наоѓаат на врвот на оваа листа работат на заштита и подобрување на околината и природата, ги спроведуваат строгите прописи и ратификуваат договори за заштита на околината и бележат економски раст од туризмот. Нашата земја се пофали дека бројот на туристите е зголемен, најмногу во главниот град, каде се наоѓаат речиси сите споменици и новоизградените објекти во стилот на неокласицизмот. За разлика од политиката на македонската Влада, многу држави во светот водат сосема поинаква долгорочна политика.

Во извештајот, кој ги содржи, индексот на мерење на конкурентноста  за патување и туристичка конкурентност, се разгледани 141 економии во светот, земајќи преку 80 клучни индикатори за да се утврди кои земји прават најмногу да го зголемат економскиот развој и конкурентноста во патувањето и туризмот.

Овој дел од индексот зема во предвид фактори како што се строгоста во спроведувањето на еколошките прописи, одржливоста на патувањето и туризмот, развој и ратификации договор на животната средина.

1.Швајцарија

2.Ирска

3.Финска

4.Луксембург

5.Норвешка

6.Сејшелски острови

7.Унгарија

8.Аргентина

9.Шведска

10.Нов Зеланд

Податоците за ова рангирање се земени од истражувањето на Светскиот економски форум, Универзитетот Јеил и Универзитетот Колумбија и индексот на еколошките перформанси  (ЕПИ),  Меѓународната унија за заштита на природата, Светскиот институт за ресурси, Јеил центар за заштита на околината, Право и политика на животната средина (YCELP) и Центар за меѓународна научна мрежа на информации (CIESIN) на Универзитетот Колумбија.

Слични статии