Култура
kliment ohridski

Објавени добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, согласно Законот за државните награди донесе одлука за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2015 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија. Во областа на воспитанието и образованието наградата им се доделува на проф. д-р Горан Ајдински – дефектолог и проф. д-р Ратомир Гроздановски – теолог, библист и филолог. Во областа на културата и уметноста наградата му се доделува на Раде Силјан, поет, литературен критичар и есеист. Во областа на здравството наградата се доделува на доц. д-р Аспазија Софијанова – педијатар. Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2015 година (вторник) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија.

Tagged with:

Слични статии