Солистички рецитал на Ана Гацева во Софија
— 26 ноември, 2015Вечерва, во концертната сала „Борис Христов“ во Софија, солистички рецитал ќе одржи пијанистката Ана Гацева со дела од Клод Дебиси, Јоханес Брамс и Кокан Димушевски.
Ова е второ солистичко претставување пред публиката во главниот град на Бугарија. Нашата позната пијанистка пред неколку години го имаше своето прво солистичко претставување во концертната сала Бугарија“.
Гацева има реалоизирано бројни концертни настапи, од кои 30 се надвор од Македонија. Добитник е на повеќе домашни и меѓународни награди.
Ана Гацева е редовен професор по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде што и дипломирала како најдобар студент на генерацијата. На ФМУ Гацева магистрирала со признанието cum laude во класата на проф. Слејанска.
Паралелно, дипломирала и магистрирала пијано и камерна музика на светски реномираната музичка академија Ecole Normale Superieure de Paris Alfred Cortot (1999-2002), во класите на професорите Јаса и Дебуши, стекнувајќи се со највисоката диплома за пијано-концертист. Во текот на својот престој во Париз, Гацева е ангажирана како соработник на Академијата и е стипендист на Академијата и на француската влада. Организатор на настанот е Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, а проектот е поддржан од Министерството за култура на РМ.