Култура
skopje jazz

Скопскиот џез фестивал со врвни европски и американски џез музичари

Во четири фестивалски вечери, програмата на Скопскиот џез фестивал оваа година ја сочинуваат 10 врвни реномирани музичари од САД, Велика Британија, Израел, Германија, Италија, Шведска и Канада.

Фестивалот ќе го отвори американската гитарска легенда, „James Blood Ulmer“ од САД. Во истата вечер на сцената во МОБ ќе настапи извонредниот италијански тромбонист  Gianluka Petrellaела  од Италија, кој ќе го претстави својот најнов проект Cosmic Renaissance.

skopje jazz

Во втората вечер на 16 октомври, скопската публика ќе има можност да ужива во музиката во еден од најиновативните музичари  во историјата на џез музиката, германскиот пијанист, Joachim Kühn од Германија. Подоцна на истата сцена ќе настапи  израелското џез трио „Avishai Cohen“. Истата вечер, во Сити хол центарот ќе настапи џез- составот „Melt yourself down“ од Велика Британија.

Втората фестивалска вечер, 16 октомври, е резервирана за едно од најиновативните имиња во историјата на џез музиката, германскиот пијанист Joachim Kühn. Истата вечер,  публиката ќе има екслузивна можност да го проследи настапот на реномираниот израелски басист Avishai Cohen со неговото трио. Британскиот состав Melt Yourself Down, ќе настапи во рамки на полноќната програма на фестивалот во Сити хол центарот.

skopje-jazz-4

Рециталот на пијанистот Craig Taborn се наоѓа на програмата од третата фестивалска вечер на 17 октомври. Истата вечер, публиката ќе има извонредна прилика да ужива во магијата на мега-популарниот џез – госпел и соул пејач и добитник на „Греми“ наградата, Gregory Porter. Полноќната програма е резервирана за британскиот саксофонист и рапер, еден од најразновидните млади актери на британската сцена, Soweto Kinch.

skopje jazz

Последната вечер од Скопскиот џез фестивал 18 октомври, е резервирана за џез музиката на канадското дуо Colin Stetson и Sarah Neufeld, а по нивниот настап шведскиот бенд Angles 8 ќе ја поведе публиката во експлозивна фестивалска завршница.

За време на одржувањето на Скопскиот цез фестивал, ќе биде отворена изложба на фотографии од словенечката автторка Петра Цвелбар. Изложбата насловена „Sweet Addiction“ ќе биде поставена во Фоајето на МОБ, и ќе може да се види додека трае и џез фестивалот, од 15 до 18 октомври.

Влезниците за 34. Скопски џез фестивал можат да се набават на билетарите во Југотон рекордс и МОБ како и на www.mktickets.mk.

Слични статии