Култура
juventa fest

„Чернодрински се враќа дома“ на „Јувента Фест“ 2015

СУГС „Никола Карев“ учествуваше на Третиот  интернационален театарски фестивал во Сараево со претставата „Чернодрински се враќа дома“ на текст од Горан Стефановски. Со претставата „Чернодрински се враќа дома“ на текст од Горан Стефановски, театарската група на актери и музичари од СУГС „Никола Карев“ од Скопје, беше единствениот претставник од Македонија на 3. Интернационален фестивал на драмски креации за средношколци, „ Јувента фест“ 2015, (3.Internacionalni festival srednjoskolskog dramskog stvaralastva ,„ Juventa Fest“ 2015). Фестивалот се  одржа во Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина од 12 до 16 септември

teatarska grupa karev

Театарска група од СУГС „Никола Карев“ со „Чернодрински се враќа дома“

На програмата на Фестивалот се најдоа седум претстави  од Шведска, Македонија, Словенија, Црна Гора, Србија и Хрватска. Одбраните претстави, рганизаторот годинава одбра претстави коишто стилски и жанровски  потполно се разликуваат меѓу себе, тргнувајќи од  мјузикли, претстави со танц и физички креации па се до претстави кои припаѓаат на класичен театар. На фестивалот  „Јувентафест“ беа доделени  две награди.   „Гран –при“ наградата ја доби  претставата „Матица“ во изведба на „Театар позитив“ од Словенија. Наградата за најиновативна претстава и припадна на Загребскиот млад театар од Хрватска, со претставата  „Птици“ , адаптација на дело од  Аристофан.  Организаторот на фестивалот предвидел и задолжително учество на сите учесници на работилници.

zagrebski mlad teatar

Загребскиот млад театар од Хрватска

Тие можеа да бираат учество помеѓу четири работилници: музичко-сценска дејност, карактерот на маската во театарот, современ танц и кукларството во театарот.

teatar pozitiv

Добитникот на „Гранд-при“ – „Театар позитив“ од Словенија

„Младите луѓе со помош на театарот го артикулираат светот околу себе, тие не се рушители на тој свет. Театарскиот  чин, пред се, подразбира радост во играњето, комуникација и љубов, и тие во таа игра НАС не прашуваат, кој тоа им го одзема. Можеби во таа фикција, има поголема вистина, отколку во секојдневниот живот“.  Вели Јасна Диклиќ, уметнички директор на „Јувента Фест“ во чии мисли може да се прочита и причината зошто ни е потребно организирање на вакви фестивали.

Слични статии