Култура
skopje pred i potoa

„Скопје 1963 – пред и потоа“… во Музеј на град Скопје

Скопје е град на солидарноста. По земјотресот на 26 јули во 1963 година, хуманоста и  желбата да се помогна, се слеа од различни локации од целиот свет, и од тогашната татковина СФР Југославија. Изложбената поставка е оформена со фотографии од изложбата „Напредни фотографии на Скопје“ реализирана во истиот музеј во осумдесеттите години на ХХ-век и изборот на фотографии на Киро Георгиевски од изложбата „Старо Скопје“ поставена во 1993 година. . Фотографиите од изложбата го претставуваат односот на градот Скопје со катастрофалниот земјотрес од 1963 година, како однос на урбанистички и архитектонски состојби и дела, кои го одразувале општествениот дух во времето кога се реализирани. Концептот на изложбата за прикажувањето на централното подрачје на Скопје, пред земјотресот и потоа, до осумдесеттите години е реализиран преку одбран материјал:

– фотографии, направени за изложба реализирана во Музејот на град Скопје во осумдесеттите години на ХХ век, наречена Напоредни фотографии на Скопје;

– избор на фотографии од Киро Георгиевски, користени за изложбата Старо Скопје, реализирана во Музејот во 1993 година. Посебен додаток на изложбата е донацијата на семејството Битољану на документарни фотографии на фотографот Томислав Петернек, снимени непосредно по земјотресот, за време на неговиот престој во Скопје.  Преку презентираниот материјал може да се види забрзаниот растеж и развиток на градот којшто беше прекинат со катастрофалниот земјотрес во 1963 година, но за кратко време со помошта на целиот свет како Феникс се издигна од пепелта и продолжи да се развива во модерен град на иднината

Слични статии