Култура
baltetpe

Конзервација и реставрација на Тетовско кале – Балтепе

Тврдината Балтепе датира од античко време, а низ историјата било значајно духовно собиралиште на жителите од тетовскиот крај. Тетовското Кале или Исарот е тврдина и значаен археолошки локалитет која се наоѓа на врвот на Балтепе, веднаш над Тетово на 2 км. од градскиоот центарВо текот на оваа година е планирана реализација на првата фаза за непосредна заштита на влезната партија на тврдината која се наоѓа над градот Тетово, Тетовското кале, познато и како Балтепе, проект кој е поддржан во програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура.

baltepe

Проектот го реализира надлежната установа Национален конзерваторски центар, a конзервацијата, реставрацијата, санацијата и реконструкцијата на влезната партија целосно ќе биде завршена во текот на следната година, со што градот ќе добие уште една значајна туристичка локација.

На Тетовското кале Балтепе во текот на реставраторски зафати и многубројните истражувања што беа спроведени се пронајдени многу остатоци од неолитот, античкиот и ранохристијанскиот период, од времето кога владеел раноантичкиот македонски крал Персеј. На овој локалитет се пронајдени и многу монети, фрагменти од керамички садови, како и многубројни предмети карактеристични за Османлискиот период.

Слични статии