Култура
izlozba mkc

Изложба на цртежи на деца во МКЦ

Ликовното студио „Арс Вивенди“ ја одбележа десетгодишнината од своето работење со изложба која беше отворена вчера во Младинскиот –културен центар.

izlozba mkc

На изложбата се најдоа цртежи на деца од 6 до 15 годишна возраст со различни мотиви и стилови. Во овие десет години постоење на „Арс Вивенди“,  мотото под кое се работело во ова студио било да се насочи сопствениот потенцијал во вистински правец.

izlozba mkc

„Веруваме дека успеавме во тоа, за што зборуваат 57-те награди што ги освоија членовите на нашето ликовно студио учествувајќи на републички и интернационални конкурси за детски цртежи и се дополнителен поттик да продолжиме со работата во иста насока“, стои во каталогот на оваа изложба.

Слични статии