Годинешниот „Оф Фест“ беше во знакот на музиката од Мали
— 3 јуни, 2015Настапот на светската музичка сензација, групата „Тинаривен“, виртуозните музички бунтовници од Мали, беше прекрасно музичко доживување на последната вечер на 14. „Оф Фест“. Како што и се очекуваше, публиката уште од првиот акорд ги прифати со овации и во текот на целиот концерт уживаше во овој незаборавен и експлозивен концерт. За убавото доживување, зборуваат и трите биса со кои музичарите од „Тинаривен“ беа вратени од страна на публиката па концертот траеше многи подолго од предвиденото време. Инаку, годинашниот „Оф фест“ ќе биде забележан по настапот на групите од Мали. Имено, во фокусот на годинашното издание на фестивалот беше ставена богатата музичка традиција на една од најсиромашните земји во светот, денес поделена земја, после граѓанската војна во Мали. Од оваа земја, оваа година настапија три извонредни музички состави. На првиот фестивалски ден, на 28 мај, публиката уживаше во настапот на Басеку Кујате, мајсторот на традиционалниот инструмент „нгони“ и неговиот еклектичен состав „Нгони Ба“. Музичката приказна за Мали потоа продолжи следната вечер, на 29 мај кога публиката уживаше во музилата на легендарниот блуз гитарист и симболот на независноста на Мали – Бубакар Траоре.
Програмата беше распоредена во пет фестивалски вечери на кои настапија седум музички групи и музичари од земји на три континенти, Мали, Мароко, Јужна кореја, Португалија и Македонија. Фестивалот, на 28 мај, го отвори иновативниот пост-рок, состав и во моментов најголемата музичка атракција од Кореја, бендот „Jambinai“. Во саботата, на 30 мај, публиката имаше можност да слушне две женски музички имиња: фадо-музиката на португалката Лула Пена и мароканката – кантавторк,а Хинди Зара. На 31 мај македонската етно-ризница , претставена на осовременет стил, беше претставена преку концертот на групата „Чалгија саунд систем“.
Во рамките на фестивалот беа прикажани и два музички документарни филмови – „Ќе пејам за тебе” (Je chanterai pour toi) и „Последната песна пред војната“ (The Last Song Before the War), филм кој збори за фестивал кој се одржувал во пустината Сахара пред немирите и граѓанската војна во Мали. Сите концерти се одржуваа во Младинскиот културен центар која што по зборовите на Оливер Белопета, директорот на Скопје џез фестивал кој е и организаторот на „Оф фест“, МКЦ е единствената адекватна локација во моментот во Скопје, каде можат да се организираат вакви концерти. И по 34 години одржување на Скопје џез фестивал и по 14 години успешно организирање на „Оф-фест“, Скопје остана без концертна сала, а нема ниту летна сцена каде би можеле да се одвиваат вакви културни содржини.
„Оф-фест“ е фестивал кој пружа единствена можност публиката да ја чуе музиката што се создава од други краишта во светот, да е запознае со поинаква музичка култура. „Оф фест“ е членка на организацијата „Европски форум на светските фестивали“ (European Forum of Worldwide Music Festivals). Во релативно краткиот рок на постоење на „Оф фест“ од 14 години, фестивалот донесе многу музички групи и познати имиња од областа на музиката, а таа бројка не е мала. Ке споменеме неколку: Asfel Boucum, David Byrne, Madredeus, Eliades Ochoa, Spiritualized, Asian Dub Foundation, Mercury Rev, Cibelle, Mariza, Aynur, Savina, Noreum Juan De Marcos Afro-Cuban All Stars, Cesaria Evora, Transglobal Underground, Nacao Zumbi, Tartit, Zuco 103, LTJ Bukem, Gilles Peterson, Habib Koite, Lee Scratch Perry, Los De Abaho, Massive Attack, Gotan Project, Marcos Valle, Mercan Dede, Ondatrópica, Kimmo Pohjonen, Balkan Beat Box, Bebel Gilberto, Vieux Farka Ture, Señor Coconut & His Orchestra, Daniel Waro, Orchestra Baobab, Gang Of Patti Smith, Yannatou, Ensemble Tirana, Gangbe Brass Band, , Lila Downs, Rodrigo Leão, A Filetta, Yamandu Costa, Seun Kuti & Fela Egypt 80Gerardo Nuñez, Terakaft, Mercedes Peon, Erkan Ogur/Derya Turkan, Laetitia Sadier, Four, Melingo, Tortoise, Tamikrest, Anoushka Shankar, Taksim Trio, Brina, Aziz Sahmaoui & University of Gnawa, Susana Baca, Machi, Amadou & Mariam, Tori Ensemble, Тони Китановски и Черкези, Љубојна, Баклава, Зоран Маџиров, Фолтин, Драган Даутовски квартет, Проект Жлуст.