Култура
izlozba nakit

Изложба „Накитот од Македонија низ вековите“ во Софија

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија е отворена изложба на накит во знак на одбележување на 10 години постоење и успешна работа на овој центар во главниот град на Бугарија.

Накитот што е дел од поставката на Археолошкиот музеј на Македонија, ќе биде изложен во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, на изложбата наречена, „Накитот од Македонија низ вековите“. Концептот на изложбата е осмислен како репрезентативна илустрација на еволутивниот развој на накитот пронајден на тлото на Република  Македонија, при археолошките ископувања, во периодот од последните седумдест години. Оваа изложба се смета како една од централните активности што ги презема Културно-информативниот центар на Р. Македонија во Софија, и се во знак на одбележување на 10 години постоење и успешна работа на овој центар во главниот град на Бугарија, Софија. Презентираните копии од атрактивни артефакти со непроценлива културна и историска вредност претставуваат сведоштво за културниот идентитет на популациите кои егзистирале на овој простор од неолитот до средниот век.

izlozba-nakit2

Изложбата е реализирана со поддршка на Министерството за култураи таа ќе може да се погледа до 10 јуни.

Слични статии