Култура

„Ди-џеј Ахмет“на режисерот Ѓорѓи М. Унковски го затвори 46. ИФФК „Браќа Манаки“

Вечерва, на церемонија на свеченото затворање на 46.ИФФК „Браќа Манаки, во Центарот за култура во Битола, се прикажа филмот „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, кој беше прифатен со овации од страна на публиката. Филмот бележи големи успеси на фестивалите ширум светот, прикажан е на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина награди.

Главната награда Златна камера 300 му припадна на кинематограферот Давид Шамбиј за филмот „Нов бран“, во француско-американска копродукција. Образложението на жири комисијата вели „поради не само убаво, туку и уверливо прикажаните слики и поради тоа што камерата носи енергија и дух на слобода на легендарниот Француски нов бран“

Главната награда Златна камера 300 му припадна на кинематограферот Давид Шамбиј за филмот „Нов бран“, во француско-американска копродукција. Образложението на жири комисијата вели „поради не само убаво, туку и уверливо прикажаните слики и поради тоа што камерата носи енергија и дух на слобода на легендарниот Француски нов бран“.

Давид Шамбиј

-Среќен сум за наградата бидејќи доаѓа од прекрасен фестивал и од кинематографери, рече Шамбиј и посочи дека трпението и енергијата се најважни, изјави Шамбиј на церемонијата на доделувањето на наградите.

„Сребрената камера 300“ отиде во рацете на кинематограферката Олимпија Митилинау за филмот „Мирен живот“, а „Бронзената камера 300“ жирито му ја додели на директорот на фотографија Мауро Херсе за филмот „Сират“, во шпанско-француска копродукција.

Одлуката за доделување на Златна камера 300, Сребрена камера 300 и Бронзена камера 300 ја донесе жирито во состав: Денис Ленуар, претседател на жирито, Астрид Хојбрантнер, кинематограферка, Валерио Карузо, директор на веб-страницата „Синеуропа“, Асја Крсмановиќ е босанска сценаристка, драматургинка и истакната програмерка на филмски фестивали и Митко Панов, филмски режисер.

Железната камера 300 во документарната програма жирито во состав : Лара Виланова, Карла Црнчевиќ и Роберт Јанкулоски, одлучи наградата да му ја додели на Лука Коасин за филмот „Рудник“.

-Му благодарам најпрво на целиот мој тим. Ние сме ништо без тимот. Им благодарам и на членовите на жирито и на режисерот за довербата, рече Коасин и има порача на младите кинематографери да работат со страст.

За филмовите во селекцијата на кратки филмови одлучуваше жирито во состав: Тудор Пандуру, Марко Брдар и Марија Џиџева и ја доделија Мала камера 300 на Мајкл Конг за филмот „Кога гуските летаа“.

За студентската програма одлучуваше истото жири и наградата Кристална камера и ја доделија на Лиса Јилг за филмот „Костимот за капење“, а special mention  за кинематограферот Леон Хотриџ за филмот „ Еднорогот во пантолони за снег одеднаш избега“.

Беа доделени и специјалната „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, која годинава му припадна на американскиот оскаровец Воли Фистер, од страна на директорот на фестивалот Димитрија Доксевски. Овој Американец, кој доаќа од градот Лос Анѓелес, прв пат дознава за Битола и за Македонија. „Ние доаѓаме како вонземјани, доаѓаме од Холивуд и го најдовме овој мал град Битола за кој не знаев досега.“, рече овој кинематографер.

Воли Фистер

Наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што ја доделува Друштвото на филмските работници на Македонија, годинава ја доби македонскиот филмски композитор Кирил Џајковски.

-Како музичар и како автор за мене филмската музика секогаш била фасцинантна и секогаш сум се прашувал како таа го подобрува филмот, како ги зајакнува емоциите…Имав среќа да работам со исклучителни автори кои со своите остварувања ја ставија Македонија на светкста филмска мапа. Горд сум што сум дел од креативниот тим на фимовите на Милчо Манчевски, Александар Поповски, Иво Трајков, Дарко Митревски и други, но ме радуваат и успесите на помладата генерација на новите филмски таленти како Тамара Котевска, како Ѓорѓи Унковски кои ја продолжуваат успешната македонска филмска приказна и потврдуваат дека Македонија има филмаџии од светски карактер, рече Џајковски.

Кирил Џајковски

Слични статии